Географија на Грузија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географски координати : 42°00′ СГШ 43°30′ ИГД / 

Местоположба[уреди | уреди извор]

Грузија е држава во Источна Европа.[1]

Граници[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на земјата изнесува 69 700 км², и според тоа се наоѓа на 118 место по големина во светот. На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан.

Главниот град Тбилиси е најголемиот во државата со oколу 1 093 000 жители.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2005, вкупното население во Грузија е oколу 4 677 401 жители. Густината на населеноста е 66 жит/км².

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Грузија е умерена и суптропска. Најголемиот дел од плоштината на Грузија е покриен со планини, каде се одгледува грозје и производство на вино и коњак. Црноморскиот брег на оваа земја е популарна туристичка атракција. Многу туристи доаѓаат во Грузија поради лековитите бањи или да ги видат величествените пештери и водопади. Топлата и влажна грузиска клима е погодна за одгледување на чај и агрум. Истотака, Грузија е позната и по производство на свила и останати ткаенини.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. International Geographic Encyclopaedia and Atlas. Springer: 1979, p. 273