Географија на Романија

Координати: 38°43′N 8°5′W / 38.717° СГШ; 8.083° ЗГД / 38.717; -8.083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Географски координати: 38°43′N 8°5′W / 38.717° СГШ; 8.083° ЗГД / 38.717; -8.083

Романија е држава во југоисточна Европа.

Граници[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на земјата изнесува 238.391 км2 , и според тоа се наоѓа на 82 место по големина во светот. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија и Црна Гора на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море.

Главниот град Букурешт е најголемиот во државата со околу 2 052 000 жители.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот, вкупното население на Романија е околу 21,504,442 жители. Густината на населеноста е 93 км2 жители на квадратен километар.

Клима[уреди | уреди извор]

Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Романија е најголемата држава во југоисточна Европа. Голем дел од романската граница граничи со Србија и Бугарија, односно со реката Дунав. Реката Прут ги дели Романија и Молдавија. Во Романија се влева реката Дунав кој ја прави втората најголема и најдобро зачувана делта во Европа.

Територијата на Романија е подеднакво покриена од планини и рамници. Карпатите доминираат во централна Романија и 14 врвови се со висина од над 2000 метри. Највисок врв во Романија е Молдавски Врв до висина од 2.544 метри. Позначајни низини се Влашка низина и Молдавија.

Климата во Романија е умереноконтинентална, со ладни зими и чести врнежи од снег и дожд. Летата се умерено топли.

Поврзано[уреди | уреди извор]