Србија и Црна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географкса карта на Србија и Црна Гора

Србија и Црна Гора (или скратено СЦГ) е поранешна федерална држава составена од Србија и Црна Гора настаната во 2003 со преминот на Југославија (остатокот од неа во текот на ’90-те) во лабава конфедерација. Србија и Црна Гора била лоцирана во западно-централниот дел на Балканскиот полуостров, северно од Република Македонија. Државата се распаѓа на 3 јуни 2006 година како резултат на исходот од референдумот за независност на Црна Гора (објавен на 21 мај 2006).

Политика[уреди]

Политиката на конфедерацијата СЦГ била подобрување и зацврстување на односите помеѓу Србија, Црна Гора и Косово. Очаен обид да се заборави минатото и војните во него, и малтретирањето на албанците на Косово. Националистот Слободан Милошевиќ кој долго владееше со СР Југославија и беше еден од виновниците за Граѓанската Војна во БиХ и бомбардирањето над Србија од страна на НАТО, атентатот над премиерот Зоран Ѓинѓиќ и други работи кои ја одбележуваа СРЈ како држава во хаос, им всадија помисла дека со промената на името од Југославија во Србија и Црна Гора ќе ги промени работите. И тоа беше вистина, СЦГ почна полека но сигурно да напредува, толеранцијата помеѓу нејзините жители се зголемуваше и национализмот веќе беше минато, но не за долго. На 21 мај 2006 Црна Гора прогласи независност, и со тоа престана постоењето на СЦГ, а подоцнежните случувања во Србија ќе доведат до повторно издигнување на национализмот и меѓуетничката нетрпеливост, враќајќи го Балканот во 20 век.

Причини за настанокот[уреди]

Кога е основана Сојузна Република Југославија во 1992. година, Обединетите Нации и некои поедини држави, особено САД, не сакаа да ја признаат како наследничка на СФРЈ, и покрај тоа што ја признаа како држава. СРЈ не беше членка на ООН се до 2000. година, кога стана членка, после Петтооктомвриските промени, веднаш нејзиното постоење беше доведено во прашање. Црногорскиот режим уште од порано се однесуваше како автономен(воведување на полициска контрола на границата со Србија, одбивање да прифати вонредна и воена состојба на својата територија во текот на НАТО нападите над СРЈ во 1999. година), но сега ќе побара независност, со евентуално преуредување на федерацијата во сојуз на две независни меѓународно признати републики. Со овие потези сосема ќе се елиминира Слободан Милошевиќ, кој подоцна ќе биде испратен на судење во Хаг, каде и ќе почине. Конечно ќе биде направена новата држава, конфедерација, за разлика од СРЈ која беше федерација, која во наредниот период ќе ја чека едно мирно и стабилно време, со етнички разлики и нетолеранција сведени на минимум, но не за долго.