Десетдневна војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Десетдневна војна
Дел од Југословенски војни
Датум 27 јуни 1991 – 6 јули 1991
Место Словенија
Исход победа на легитимните власти на Словенија и независност.
  • Повлекување на ЈНА на нови граници (Хрватска)
Завојувани страни
Федерална Република Југославија ЈНА  Словенија
Команданти и водачи
Федерална Република Југославија Вељко Кадијевиќ
Југославија Конрад Колшек
Југославија Андрија Рашета
Југославија Александар Васиљевиќ
Југославија Милан Аксентијевиќ
Словенија Милан Кучан
Словенија Јанез Јанша
Словенија Игор Бавчар
Сила
35,200 персонал на ЈНА 16,000 [Словенска Територијална Одбрана (TO RS), 10,000 полиција
Жртви и загуби
44 убиени,
146 повредени
4,944 заробеници
(Словенски пресметки)
18 убиени,
182 повредени
(официјални жртви)

Шаблон:Campaignbox Yugoslav Wars

Десетдневната Војна или (на словенечки: Desetdnevna vojna) или Словенската Војна за Независност (на словенечки: Slovenska osamosvojitvena vojna) беше воен конфликт меѓу Словенската територијална одбрана (Slovene: Teritorialna obramba Republike Slovenije) и Југословенската Народна Армија (ЈНА) во 1991 по прогласувањето на Словенската независност.

На 25. јуни 1991. година, словенечкиот и хрватскиот парламент досеноа одлука за прогласување на независност. Меѓутоа, два дена покасно, единицирњ на Југословенската народна армија ги напуштија касарните и тргнале на граничните премини на тогашната СФРЈ кои се наоѓале помеѓу останатата територија и во Словенија. Намерата му беше да не се дозволени промена на натписот на државата. Почнала војна меѓу припадниците на ЈНА и силите на словенечката територијална одбрана, кои ја предводеле Јанез Јанша и Игор Бавчар. Војната траеше десет дена. Сепак, кон почетокот на јули Претседателството на СФРЈ донесе одлука за повлекување на припадниците на армијата од Словенија. Дел од армијата се повлекол во Хрватска.

Борба[уреди]

Мапа на операциите на ЈНА во текот на Војната во Словенија

Словенија неочекувано прогласила независност на 25 јуни 1991, иако претходно објавила дека ќе прогласи независност на 26. јуни. Оваа разлика во датумот на прогласувањето на независноста беше пресуден елемент за словеначкиот план за да се стекне брза предност во очекиваната борба. Словеначката влада очекуваше дека ЈНА ќе реагира еден ден по прогласувањето на независноста или брзо после тоа. Стекнувајќи предност од 24 сати, Словенците ги изненадиле југословенските власти, кои го одредиле 26 јуни како датум кога ЈНА ќе се повлече од Словенија.[1]

Иако ЈНА беше против независноста на Словенија, беше поделена околу тоа што да направи. Началникот на генералштабот Благоје Аџиќ заговараше операција од големи размери за да се елиминира словенското раководство. Неговиот главен, министерот за одбрана Вељко Кадијевиќ, инсистираше на поблаг пристап - демонстрација на сила која би ја убедило словенската влада да ја повлече одлуката за независност. После расправата, победи мислењето на Кадијевиќ.[2]

Не е јасно колку цивилни членови на југословенската влада беа вмешани во донесувањето на одлуката за да се употреби сила во Словенија. Наводно Анте Марковиќ, претседателот на сојузната влада, изјавил дека сојузната влада не била информиранна за акциите на ЈНА.[3]

26 јуни[уреди]

Утрото на 26 јуни, единиците од 13. корпус на ЈНА ги напуштиле касарните во Риека и тргнале кон италијанско-словенската граница. Овој потег предизвикал јаки реакции од локалните Словенци, кои организираа спонтани барикади и демонстрации против акцијата на ЈНА. Сепак, немало борби.

До овој момент словенската влада веќе имала свој план за да превзеде контрола над граничните премини и меѓународниот аеродром Брник. Војниците кои ги чувале граничните премини биле Словенци, така да словенското запоседнување се сведило на промена на униформите и ознаките, без никакви борби. Тоа истотака имало и важен практичен ефект. Граничните премини биле главни извори на буџетски приходи. Покрај тоа, со превземање на контрола над границата, Словенците успеале да воспостават позиции против очекуваниот напад на ЈНА. Тоа значело дека ЈНА ќе мора да ги почне првите воени дејствија, што им овозможило на Словенците да ја прикажат како агресор.

Извори[уреди]

  1. Balkan Battlegrounds, p. 58 (Central Intelligence Agency, 2002
  2. Allcock, John B. et al. Conflict in the Former Yugoslavia, p. 274. ABC-CLIO, Denver, 1998
  3. Mesić, Stjepan. "The Road to War", in The War in Croatia and Bosnia-Herzegovina, 1991–1995, ed. Branka Magaš and Ivo Žanić. Frank Cass, London, 2001

Bibliografi[уреди]

  • Allcock, John B. et al. Conflict in the Former Yugoslavia. ABC-CLIO, Denver, 1998
  • Gow, James & Carmichael, Cathie. Slovenia and the Slovenes. C. Hurst, London, 1999
  • Gow, James. The Serbian Project and its Adversaries. C. Hurst, London, 2003
  • The War in Croatia and Bosnia-Herzegovina, 1991–1995, ed. Branka Magaš and Ivo Žanić. Frank Cass, London, 2001
  • Svajncer, Brigadier Janez J. "War for Slovenia 1991", Slovenska vojska, May 2001.