Грб на Србија и Црна Гора
Изглед
Грбот на Србија и Црна Гора настанал по распадот на СФР Југославија како грб на СР Југославија во 1993 година, а владата го усвоила во 1994. По преименувањето во "државна заедница Србија и Црна Гора" грбот останува ист.
Грбот има модерен дизајн, направен е како комбинација од историски грбови на Србија и Црна Гора на штит на прсма на кој има двоглав бел орел кој се наоѓа на историските грбови на двете држави.