Највисок државен домен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кодот на Македонија на семрежјето е „.mk“.

Највисок државен домен (или државен код на главен семрежен домен) — највисокиот домен на именската семрежја адреса кој се доделува на една држава; т.е. последните две букви од семрежната адреса.

Сите државни семрежни кодови се долги две букви, ги доделува Агенцијата за доделување на броеви на семрежјето (IANA)[1] според упатството РФЦ 1591 кое кореспондира со стандардот ИСО 3166-2 алфа-2 со неколку исклучоци.[2][3]

Државите имаат национален опслужувач на државниот семрежен домен, кој ги доделува имињата со државната наставка, и ги насочува пребарувањата на адреси со тој државна наставка.

Државниот код na Македонија е .mk или кириличниот .мкд и задачата за доделување на семрежни имиња со врвен домен ја има организацијата Марнет.

Наводи[уреди]