Географија на Лихтенштајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Топографска карта на Лихтенштајн

Местоположба[уреди | уреди извор]

Лихтенштајн е алпска држава во Западна Европа.

Граници[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на земјата изнесува 160,4 км, и според тоа се наоѓа на 215. место по големина во светот. Се граничи со Швајцарија на запад и Австрија на исток. По источната граница минува реката Рајна, иако најзначајна река во внатрешноста на Лихтенштајн е Замина, која потоа продолжува во Предарлска, Австрија.

Главниот град Вадуц е најголемиот во државата со околу 5.109 жители.

Население[уреди | уреди извор]

Во 2017 г. земјата имала 38.547 жители,[1] при густина на населеност од 227 жит./км2.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Лихтенштајн е континентална, со студени зими и умерени лета. Климата по долината на Рајна е умерена, а на повисоките делови од Алпите е планинска.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Завод за статистика, Државна управа“. Llv.li. Посетено на 11 мај 2018. (германски)