Елбрус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елбрус
Elbrus North 195.jpg
Елбрус
Највисока точка
Надм. вис.5642 м [1]
Истакнатост4741 м X
Заведена какоседум врвови, седум вулкански врвови, највисок во земјата, ултра
Географија
МестоРусија, на границата Европа-Азија
Матичен венецКавказ
ТопокартаЕлбрус и Горната Баксанска Долина[2][3]
Геологија
Старост на карпатанепозната
Видстратовулкан (заспан)
Последен избув50 г. ± 50 years[4]
Искачување
Прво освојување(западен врв) 1874, од Ф.К. Гроув, Ф. Гарднер, Х. Вокер, П. Кнубел и водичот А. Сотаев
(понизок врв) 22 јули 1829 од Х. Хачиров
Најлесен патобично искачување по снег/мраз

Елбрус (осетски: Эльбрус; руски: Эльбрус; карачајско-балкарски: Минги тау) — заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ во Кабардино-Балкарија и Карачаево-Черкесија, Русија, близу границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и во Русија, а според некои мислења и во Европа.[5] или највисока во западна Азија, за малку надминувајќи ги венците Демавенд и Алборз во Иран. Елбрус (западниот врв) — висок 5.642 м; а источниот е малку понизок, со височина од 5.621 м.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името „Елбрус“ е метатеза на Алборз,[6] кое пак доаѓа од легендарната планина Хара Березајти во иранската митологија.[6]

Географија[уреди | уреди извор]

Елбрус е сместен 20 км северно од главниот венец Голем Кавказ и 65 км југоисточно од рускиот град Кисловодск. Нејзината ледена покривка се преточува во 22 ледници, кои пак потоа се одлеваат во реките Баксан, Кубањ и Малка.[7]

Елбрус е сместен на тектонско подрачје во движење и се смета дека е поврзан со расед. Длабоко под заспаниот вулкан лежи магма.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The World Book Encyclopedia—Page 317 by World Book, Inc
  2. Примерок на карта на Елбрус
  3. Mount Elbrus and Upper Baksan Valley Map and Guide (Map) (изд. II.). 1:50,000 with mountaineering information. EWP Map Guides. Картографија: EWP. EWP. 2007. ISBN 978-0-906227-95-4.
  4. „Елбрус: Краток преглед“. Програм за глобален вулканизам. Смитсонова установа. Посетено на 25 февруари 2010. (англиски)
  5. Географско биро. „Подрачјето на Елбрус“. Посетено на 5 јануари 2010. (англиски)
  6. 6,0 6,1 Encyclopædia Iranica, "Alborz", W. Eilers
  7. Caucasus from Elbrus to Kazbek (Map) (изд. 1st.). 1:200,000 with general information. Map Guides. Картографија: EWP. Robin Collomb and Andrew Wielochowski. 1993. ISBN 906227-54-2 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  8. „Observations of crustal tide strains in the Elbrus area“. Izvestiya Physics of the Solid Earth. MAIK Nauka. 43 (11): 922–930. November 2007. Bibcode:2007IzPSE..43..922M. doi:10.1134/S106935130711002X. Посетено на February 25, 2010.
  • Anthony Huxley, Standard Encyclopedia of the World's Mountains (New York: Putnam, 1962)
Елбрус 3D

Надворешни врски[уреди | уреди извор]