Кошќушко (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кошќушко
Mount Kosciuszko
Mount Kosciuszko01Oct06.JPG
Источната страна на Кошќушко
Највисока точка
Надм. вис. 2.228 м AHD[1]
Истакнатост 2.228 м
Заведена како седум врвови, ултра
Географија
Покраина AU-NS
Матичен венец Големи Разводни Планини
Искачување
Прво освојување 1840 од Павел Едмунд Стшелецки
Најлесен пат пешачење (козја патека)

Кошќушко (англиски: Mount Kosciuszko, од полски: Kościuszko) — планина во венецот Снежни Планини на територијата на Националниот парк Кошќушко во Нов Јужен Велс, Австралија. Со висина од 2.228 м, ова е со највисоката планина во Австралија (не сметајќи ги надворешните територии).[1] Наречена е по во чест на полскиот национален херој и војсководец во Американската војна за независност, Тадеуш Кошќушко (1746-1817), кое ѝ го дал полскиот истражувач Павел Едмунд Стшелецки во 1840 г. поради тоа што по облик му личела на истоимената тумба во Краков.[2]

Вровот и околните предели се под снег во зима и пролет (обично од почетокот на јуни до крајот на октомври и подоцна).

Националниот парк Кошќушко ги нуди најблиските скијачки центри до градовите Канбера и Сиднеј: Тредбо, Шарлот Пас и Перишер Блу. Можно е планината да била искачена од Абориџините долго пред доселувањето на европејците.

Во декември секоја година се одржува ултрамаратонска трка „Од брегот до Кошќушко“ (Coast to Kosciuszko) во должина од 240 км — од морето до самиот врв на планината.[3]

Пповисоки планини на австралиска територија[уреди | уреди извор]

Постојат две повисоки планини на австралиска територија, кои географски не припаѓаат на самиот австралиски континент:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Национален парк Кошќушко“. Национални паркови на Австралиските Алпи. http://www.australianalps.environment.gov.au/parks/kosciuszko.html. посет. 13 јуни 2009 г.  (англиски)
  2. „Изведени топоними во Австралија“. Wikiski.com. 8 април 2011. http://wikiski.com/wiki/index.php/Australian_Geographical_Name_Derivations. посет. 18 јуни 2012 г.  (англиски)
  3. „Од брегот до Кошќушко“. Coast2kosci.com. http://www.coast2kosci.com/. посет. 18 јуни 2012 г.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]