Снежни Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Снежни Планини
Сноуис
Morning views from the summit of Mount Kosciuszko, Kosciuszko National Park 21.jpg
Планински венец околу врвот Кошќушко.
Највисока точка
ВрвКошќушко
Надм. вис.2228 м
Координати36°27′S 148°16′E / 36.450° ЈГШ; 148.267° ИГД / -36.450; 148.267
Друго имеСноуис
Географија
ЗемјаАвстралија
ДелНов Јужен Велс
Координати36°30′S 148°20′E / 36.500° ЈГШ; 148.333° ИГД / -36.500; 148.333Координати: 36°30′S 148°20′E / 36.500° ЈГШ; 148.333° ИГД / -36.500; 148.333
Матичен венецАвстралиски Алпи

Снежни планини (англиски: Snowy Mountains) се планини во Австралија, во сојузната држава Нов Јужен Велс. Тие се највисок планински венец на австралиското копно и се посебен регион во Нов Јужен Велс.

Географија[уреди | уреди извор]

Снежните планини се највисокиот планински венец во Австралија, чија највисок врв, а и во цела Австралија, е планината Кошќушко (2228 m). Освен тоа, на овие планини се наоѓаат петте највисоки врвови во континентална Австралија, кои се високи преку 2.100 метри. Географски, Снежните Планини се дел од Австралиските Алпи, кои пак се дел од Големите Разводни Планини. На овие планини се наоѓаат петте континентални австралиски глацијални езера (Синото Езеро, Албина, Кутапатамба, Клаб и Хедли). Во текот на зимата (од јуни до почетокот на август) планините се покриени со снег и се погодни за скијање.

Историја[уреди | уреди извор]

Планините за првпат биле истражени од Европејците во 1835 година, а потоа биле населени од овчари и земјоделци. Во 1840 година, Едмунд Стржелецки се искачил на највисокиот врв на снежните планини, кој го нарекол по полскиот национален херој Тадеуш Кошќушко. Во доцните 1860-ти, на Снежните Планини имало многу трагачи по злато, со центар во планинското село Киандра.[1] Во 1949 година, на Снежната река биле изградени каскадни хидроелектрани. Во 1997 година , Националниот парк Кошќушко од страна на УНЕСКО бил прогласен за Светски биосферен резерват.

Население[уреди | уреди извор]

На Снежните Планини се наоѓа највисокото населено место во Австралија - Кабрамара, каде што живеат околу 60 луѓе.[2] [3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The history of the Snowy Mountains“ (англиски). The official site of the Snowy Mountains regional tourism organisation. Архивирано од изворникот на 2012-03-29. Посетено на 3 апреля 2009. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. (англиски) „Geography and Climate of the Snowy Mountains“ (англиски). The official site of the Snowy Mountains regional tourism organisation. Архивирано од изворникот на 2009-04-06. Посетено на 3 апреля 2009. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. (англиски) „Cabramurra (State Suburb)“ (англиски). Australian Bureau of Statistics. Архивирано од изворникот на 2012-06-08. Посетено на 7 февраль 2012. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)