Демавенд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Демавенд
Демавенд зиме
Највисока точка
Надм. вис.5610 м [1][2]
Истакнатост4667 м [3]
12-та
Заведена каковулкански седум, највисока во земјата, ултра
Географија
Демавенд на карта

Карта

МестоАмол, Мазендеран, Иран
Матичен венецАлборз
Геологија
Видстратовулкан
Последен избувпред 7.300 г.[4]
Искачување
Прво освојување905 (Абу Долаф Казраџи)[5]
Најлесен патпланинарење

Демавенд (персиски: دماوند ) — највисока планина во Иран, од особено значење во персиската митологија и фолклор. Се наоѓа во средината на венецот Алборз и претставува највисок вулкан во Азија. Се смета за потенцијално активен[7] поради фумаролите близу кратерот на врвот од кои излегува сулфур.[8]

Планината е сместена недалеку од јужниот брег на Каспиското Езеро, во округот Амол, Мазендеран. Оддалечена е 66 км од Техеран.

Симболика и митолгија[уреди | уреди извор]

Планината има особен статус во персиската митологија, а во персиската книжевност претставува симбол на отпорот против ненародните угнетувања на туѓите сили. Според зороастриските преданија, во некоја пештера на Демаванд живеела Аждајата (Зехак), која била заробена во пранги сè до крајот на светот. Подоцнежна варијанта на легендата вели дека неа ја заробиле јунаците Каве и Ферејдун, откако ја победиле. Поетот Фирдоуси ја опшува случката во епското ремек-дело „Шахнаме“ (Книга за царевите), каде се вели дека самата планина има волшебна моќ.

Демавенд е претставен на банкнотата од 10.000 ријали.[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Статистички центар на Иран (англиски)
  2. Демавенд — Peakbagger (англиски) посет. 27 септември 2011 г
  3. Демавенд: Ултраистакнати врвови во Иран — peaklist.org (англиски) посет. 16 октомври 2011 г
  4. „Damavand volcano“. Посетено на 2013-06-01.
  5. „Демавенд — SummitPost“. Посетено на 2010-04-28. (англиски)
  6. „Демавенд, Иран“. Peakbagger.com. (англиски)
  7. „Демавенд“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  8. „Вулканска дупка на Демавенд“. Посетено на 2007-08-23. (англиски)
  9. Банкноти и монети: 10.000 ријали Архивирано на 8 февруари 2021 г.Централна банка на Иран посет. 24 март 2009 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]