Мусала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Musala.JPG

Врв Мусала

Бугарија Бугарија Бугарија

Административна поделба Софиска област
Надморска висина 2.925 m
Веб-сајт pss.bglink.net/
Координати: 42° 10′ С, 23° 45′ И
Bulgaria - Rila - Musala april 2006.jpg

Мусала е највисокиот врв на Балканскиот Полуостров. Се наоѓа на планината Рила во Република Бугарија.

„Мусала“ е највисокиот врв во Република Бугарија и на Балканскиот Полуостров, со висина од 2.925 м, измерено од пристаништето во Варна. Се наоѓа на планината Рила, во близина на зимскиот центар Боровец, и на 80 км од Софија. Според некои пишувања, името му произлегува од „Мус Алах“, или „место за молитва“, „врв за молитва“, и името е дадено за време на турското ропство. Во периодот 1949-1962, врвот се нарекувал „Сталин“ по името на советскиот диктатор Јосиф Сталин. Преку летото го посетуваат многу туристи од светот, но најмногу од планинари од Бугарија и соседните земји. Средната годишна температура изнесува -2,9оС, апсолутната минимална -31,2оС, апсолутната максимална 18,7оС. Во просек 254 денови во годината врвот Мусала е покриен со снег. Преовладуваат северозападни ветрови. Најлесниот начин за искачување на врвот Мусала е патеката од скијачкиот центар Боровец, 10км во една насока. Има лифт, кој води до месноста Јастребец на висина од 2.369 м. Оттаму може да се стигне пеш до колибата Мусала (околу 1 час одење), а потоа до самиот врв Мусала (околу 2 часа пешачење) до самиот врв. На околу 200 м под врвот се наоѓа „Леденото езеро“ на висина од 2.709 м, каде што може да се преноќева.