Блед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блед
Bled

Грб на Блед
Блед is located in Slovenia
Блед
Блед
Местоположба во Словенија.
Координати: 46°22′7.7″N 14°6′50.3″E / 46.368806° СГШ; 14.113972° ИГД / 46.368806; 14.113972
Држава Словенија
Традиционален регионГорењска
Статистички регионГорењски
ОпштинаБлед
Површина
 • Вкупна13,6 км2 (5,3 ми2)
Надм. вис.&10000000000000507699999507,7 м
Население (2020)
 • Вкупно4.969
 • Густина370/км2 (950/ми2)
Часовен појасUTC+1
Пошт. бр.4260

Блед (словенечки: Bled, германски: Veldes/Feldes) — град во Општина Блед во северозападна Словенија и познато алпско место на брегот на ледничкото Бледско Езеро. Блед е најпознато туристичко место во регионот Горењска, а воедно и во Словенија. Привлекува огромен број на туристи од целиот свет. Населението брои 4.969 жители (2020). Градот е седиште на општината Блед. Населбата сега е вклучена во Горењскиот статистички регион.[1]

Име[уреди | уреди извор]

Градот првпат беше споменат во пишаните извори како Ueldes во 1004 (и како Veldes во 1011). Етимологијата на името е непозната и се смета дека има словенско потекло. Германското име на градот, Veldes, е позајмено од старословенскиот збор Beлдъ пред 800 или е изведенo од истиот старословенски извор како словенечко име.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето е населено од мезолитско време, a првпат се споменува како Ueldes (Veldes) за време на Kрањската Краина на 10 април 1004 година, кога беше награден од царот Хајнрих II. Замокот за првпат се споменува на 22 мај 1011 кога Хајнрих II го подари на наследникот на Албуин, епископот Адалберон од Бриксен. Заедно со Горењска, Блед беше отстапен на Рудолф од Хабсбурговци, откако го победи кралот Отокар II од Бохемија во Битката за Маршфелд во 1278. Од 1364 до 1919 година, Блед беше дел од Војводство Горењска, со исклучок на периодот од 1809 и 1816 година, како еден од Наполеоновите Илирски провинции.

По распаѓањето на Австроунгарија во 1918 година, Блед дојде под власт на Кралството Југославија и стана летно одморалиште на владејачкото семејство Караѓорѓевиќ, традиција која југословенскиот водач Јосип Броз Тито ја продолжи кога тој ја изградил неговата резиденција тука во 1947 година.

Туризам[уреди | уреди извор]

Блед и Бледското Езеро

Блед е познат по ледничкото езеро со исто име, што ја прави една голема туристичка атракција. Качен на карпа со поглед на езерото е живописниот Бледски замок. Градот Блед е исто така познат во Словенија по своето тесто од ванила и крем (словенечки: kremšnita, kremna rezina).

Авантуристот Арнолд Рикли (1823-1906) од Швајцарија значително придонесе за развој на Блед како лекувалиште во втората половина на XIX век. Поради својата блага клима, Блед беше посетуван од страна на аристократски гости од целиот свет. Денес, тоа е важен центар за конвенции и туристички центар, нудејќи широк спектар на спортски активности (голф, риболов и јавање). Тоа е почетна точка за планински патеки и искачувања, особено во близина на Националниот парк Триглав.

Мал остров во средината на езерото е дом на црквата Успение на Богородица; посетителите често одѕвонуваат со камбаната за добра среќа. Човечки траги од праисторијата се пронајдени на островот. Пред да биде изградена црквата, имаше храм посветен на Жива, словенска божица на љубовта и плодноста. Може да се стигне на островот во традиционален дрвен чун (словенечки: pletna). На островот на езерото Блед има 99 скали. Локалната традиција за свадби е тоа што мажот ја носи в раце неговата невеста по овие скали, а таа мора да молчи за време на тоа.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. www.stat.si. Посетено на 2022-03-13.