Сава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реката Сава во Белград

Сава — река која според некои ја обележува северозападната граница на Балканскиот Полуостров.

Извира во Словенија, каде се создава со спојувањето на двете помали реки Сава Долинка и Сава Бохињка. Тече низ Загреб и својот тек долг 940 километри го завршува крај Белград, каде се влева во реката Дунав. Еден нејзин дел служи како граница меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина. Пловна е од Сисак до Белград. Областа околу оваа река традиционално го носи името Посавина. Нејзини поголеми притоки се Крка, Мирна, Купа, Уна, Босна и Дрина.

Сава како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Савски пејсаж“ (Savski pejsaž) - слика на хрватскиот уметник Бранко Шеноа од 1910 година.[1]
  • „Гускарка на Сава“ (Guščarica na Savi) - слика на хрватскиот уметник Никола Машиќ од 1881 година.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
  2. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.