Вршич
| Вршич Vršič | |
|---|---|
Превојот Вршич | |
| Надм. вис. | 1611 m |
| Пат | Руски пат |
| Место | Горењска, Словенија |
| Венец | Јулиски Алпи |
| Координати | 46°26′8″N 13°44′40″E / 46.43556°N 13.74444°E |


Превој Вршич – алпски превој, највисок преслап во Словенија. Се наоѓа на Јулиските Алпи на 1.611 метри надморска висина меѓу врвовите Мојстровка (2.332 м) и Присојник (2.547 м). Тој е најнизок премин од долината на Соча во долината на Сава. Ја поврзува покраината Горењска со Трента. Патот бил изграден за снабдување на австрискиот фронт во Италија, а го изградиле во многу тешки услови околу 10.000 руски воени заробеници во Првата светска војна.[1] Многумина починале заради лошите услови и снежните луњи. На настраданите 300 руски војници денес потсетува Руската капела која стои на патот кон врвот. Покрај капелата се наоѓа масовна гробница – пирамида со натпи „На синовите на Русија“.
Патот од Крањска Гора до врвот е долг 9 километри и со висинска разлика од 811 метри. Секоја година во септември се организира велосипедска рекреативна трка Јуриш на Вршич. На патот кон врвот има три планински дома: Коча на Гозд (1.226 м), Ерјавчева коча (1.515 м), Тичарјев дом (1.620 м) и највисоко на планината е Поштарскиот дом (1.725 м), кој е над превојот Вршич, малку под планинскиот врв Вршич.
На Вршич сè уште се видни утврдувања од Првата светска војна.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Превојот Вршич
- Првата серпентина (кривина од гранитна коцка) на висина од 911 метри
- Кривине се направени од гранитни коцки
- Поглед на 23. серпентина (кривина од гранитна коцка) на висина од 1539 метри
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Вршич“ на Ризницата ? |