Санкт Јакоб во Розентал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Санкт Јакоб во Розентал
Sankt Jakob im Rosental
Šentjakob v Rožu
Поглед на црквата „Св. Јаков“ со Караванките во позадината
Поглед на црквата „Св. Јаков“ со Караванките во позадината
Грб на Санкт Јакоб во Розентал
Грб
ЗемјаАвстрија
ПокраинаКорушка
ОкругФилах-Околина
Управа
 • ГрадоначалникЈохан Обличниг
Површина
 • Вкупна78,77 км2 (3,041 ми2)
Надм. вис.&10000000000000480000000480 м
Население (1 јануари 2014)[1]
 • Вкупно4.465
 • Густина0.57/км2 (1.5/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.9184
Повик. бр.04253
Мреж. местоst-jakob-rosental.gv.at
Црквата во Марија Еленд (Подгорје).

Санкт Јакоб во Розентал (германски: Sankt Jakob im Rosental) или Шентјакоб во Рож (словенечки: Šentjakob v Rožu) — град и општина во округот Филах-Околина на сојузната покраина Корушка, Австрија.

Географија[уреди | уреди извор]

Општината се граничи со Словенија на југ, и реката Драва на север. Сместена е во западниот дел на долината Розен (Рож).

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Санкт Јакоб во Розентал ги опфаќа 22 села. Тука се наведени нивните германски и словенечки имиња, како и бројот на жители (1 јануари 2018[2]):

  • Винкл (Кот) (198)
  • Горинчах (Горинчиче) (124)
  • Гројт (Руте) (83)
  • Драгозичах (Драгожице) (56)
  • Драјлах (Дравље) (54)
  • Канин (Ходнина) (69)
  • Ленгдорф (Велика Вас) (190)
  • Лесах (Леше) (83)
  • Марија Еленд (Подгорје) (529)
  • Милбах (Река) (230)
  • Розенбах (Подрожца) (331)
  • Санкт Јакоб во Розентал (Шентјакоб) (651)
  • Санкт Озвалт (Шентожболт) (149)
  • Санкт Петер (Шентпетер) (103)
  • Срајах (Среје) (135)
  • Талах (Тале) (328)
  • Тешинг (Тешиња) (70)
  • Фајстриц (Бистрица) (269)
  • Фрајсниц (Брезница) (160)
  • Фрезнах (Брежње) (16)
  • Чемерницен (Чемерница) (20)
  • Шлатен (Сватне) (397)

Словенечко население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г. Словенците сочинуваат 16,4 % од населението.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1920 г. Санкт Јакоб бил една од 17-те корушки општини каде мнозинство од населението (54 %) гласало за влегување во Југославија. Општината сепак останала во Австрија бидејќи 59 % од гласачите во пошироката единица биле против припојувањето.

Познати личности[уреди | уреди извор]

  • Матија Ахацел (1779-1845) — словенечки јазичар и фолклорист, роден во с. Горенче (Горенчах)
  • Антон Јанежич (1828-1869) — словенечки јазичар и книжевен критичар, роден во с. Леше (Лесах)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]