Драва
Drau, Drave, Dráva
Река
Земји
Италија , Австрија , Словенија , Хрватска , Унгарија
Градови
Лијенц, Шпитал , Филах, Ферлах, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор , Птуј , Ормож, Вараждин , Осиек , Барч
Извор
Во близина на Јужен Тирол
- место
Тоблах , Јужен Тирол , Италија
- височина
1.450 м
- координати
46°43′9″N 12°15′16″E / 46.71917° СГШ; 12.25444° ИГД / 46.71917; 12.25444
Утока
Дунав во близина на Осиек
- координати
45°32′38″N 18°55′31″E / 45.54389° СГШ; 18.92528° ИГД / 45.54389; 18.92528
Должина
707 км
Слив
11.828 км2
Драва или Драве (унгарски : Dráva ; германски : Drau ; италијански , хрватски и словенечки : Drava ) — река во јужниот дел на Средна Европа, притока на реката Дунав . Извира во Тоблах /Добијако, Италија , и тече источно кон Источен Тирол и Корушка во Австрија , кон Словенија (142 км),[1] и потоа југоисточно, поминува покрај Хрватска и го формира поголемиот дел од границата помеѓу Хрватска и Унгарија, пред да се влее во Дунав во Осиек .
Во античките времиња реката се викала Дравус . Името е најверојатно Келтско или пред-Келтско по потеклото. Драва и Шпељ се единствените две реки кои потекнуваат од Италија и се влеваат во базенот на Дунав . Реката е четврта најголема и најдолга притока на Дунав.[2] Главни притоки на Драва се:
Драва тече низ градовите: Иничен во Италија, Лијенц , Шпитал , Филах , и Ферлах во Австрија, Дравоград , Вузеница , Мута , Руше , Марибор , Птуј , и Ормож во Словенија, Вараждин и Осиек во Хрватска, и Барч во Унгарија.[1]
Хидролошките параметри на Драва редовно се следат во Хрватска кај Ботово , Терезино Поле , Долни Михољач и Осиек .[3]
↑ 1,0 1,1 „Rivers, longer than 25 km, and their catchment areas“ (словенечки и англиски). Статистичко биро на Словенија. 2002.
↑ Klement Tockner, Urs Uehlinger, Christopher T. Robinson (2009), Rivers of Europe , Academic Press, no nr., ISBN 978-0-12-369449-2
↑ „Daily hydrological report“ . Хидрометереолошко биро на Хрватска. Посетено на 2010-09-09 .
Реки Езера Долини, кањони и паркови на природата