Орљава
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Орљава | |
---|---|
![]() Орљава во градот Пожега. | |
Земја | ![]() |
Слив | |
Главен извор | планината Псуњ, Хрватска |
Устие | Сава, кај Славонски Кобаш |
Сливна повр. | 1494 км² |
Физички особености | |
Должина | 89 км |
Орљава на Ризницата |
Орљава е река во Славонија, источна Хрватска. Реката е долга 89 километри и е лева притока на Сава.
Орљава извира на надморска височина од преку 800 метри во шумско-планинските предели на Псуњ, јужно од селото Бучје. Во реката се влеваат сите планински потоци кои извираат во планините Папук и Пожешка гора. Во близина на Средње Село реката врти југоисточно, а покрај Плетерница ја прима притоката Лонџа која извира на планината Крндија, и го продолжува својот тек јужно помеѓу Пожешка гора и Диљ. Орљава се влева во Сава во близина на Славонски Кобаш.
На Орљава има голем број на водопади, особено во нејзиниот горен тек. Реката исто така е богата со риби и е погодна за риболов.
|