Птуј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Птуј
Ptuj
град
Стариот дел на Птуј
Стариот дел на Птуј
Грб на Птуј
Грб
Местоположба на Општина Птуј
Местоположба на Општина Птуј
Птуј се наоѓа во Словенија
Птуј
Местоположба на Птуј
Координати: 46°25′ СГШ 15°52′ ИГД / 
Држава  Словенија
Регион Штаерска
Општина Птуј
Управа
 • Градоначалник Штефан Челан
Површина
 • Вкупна 66,7 км2
Население (2002)
 • Вкупно 23.242
 • Густина Лошо заокружување34.845.577.211.394/км2
Часовен појас CET (UTC+01)
 • Лете (DST) CEST (UTC+02)
Мреж. место Official site

Птуј (словенечки: Ptuj, латински: Poetovio, германски: Pettau) е град и урбана општина во Словенија. Традиционално овој град е дел од регионот Штаерска, а административно е дел од Подравскиот статистички регион. Градот има население од околу 23,000 жители.[1]

Птуј е најстар град во Словенија. Целиот централен дел на градот е заштитен како споменик на културата и архитектурата. [2]

Низ градот тече реката Драва.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на надморска височина 232 m и има површина од 66,7 km². Се наоѓа во североисточниот дел на Словенија, во средината на Долно Подравје, во Панонската Низина и има субпанонска клима со просечна годишна температура на воздухот 10 ºC. Новиот дел на градот со станбени блокови и индивидуални куќи се шири на северозападната, северната и североисточната страна.

Денес Птуј е седиште на истоимената општина, една од единаесетте градски општини во Словенија. Населби кои припаѓаат на општината се следниве: Грајена, Грајеншчак, Кицар, Крчевина кај Вуберг, Градски Врв, Пациње, Подвинци, Долни Веловлек и Спухља.

Птуј е значаен транспортен јазол, каде што се вкрстуваат автопатот од Марибор до Загреб и регионалниот пат од Словенска Бистрица, преку Ормож, до Хрватска. Низ градот поминува и желеничка линија која се движи од Прагерско, преку Ормож и потоа продолжува до Мурска Собота и Унгарија и завршува во Хрватска. Птујското Езеро е најголемото вештачко езеро во Словенија.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Оваа статија содржи информации од ревизија од November 7, 2006 од истоветната статија на Википедија на германски јазик.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]