Мура
Мура | |
---|---|
![]() Долината на Мура кај Тамсвег, Австрија | |
Земја | Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија |
Слив | |
Главен извор | Високи Таури кај Мур, Австрија 1.898 м 47°7′48″N 13°20′49″E / 47.13000° N; 13.34694° E |
Устие | Драва кај Леград, Хрватска 130 м 46°17′54″N 16°53′9″E / 46.29833° N; 16.88583° EКоординати: 46°17′54″N 16°53′9″E / 46.29833° N; 16.88583° E |
Сливна повр. | 13.824 км2 |
Физички особености | |
Должина | 480 км |
Проток |
|
„[[:commons:Category:Mur River|]]“ на Ризницата |
Мура (хрватски, унгарски и словенечки: Mura; прекмурски: Müra[1] или Möra[1]; германски: Mur) — река во Средна Европа која извира од Високите Таури на Централните Источни Алпи во Австрија на надморска височина од 1.898 м и се влева во Драва во Хрватска.
Реката има вкупна должина од 480 км. Од нив, 330 км отпаѓаат на внатрешноста на Австрија; 95 км во и околу Словенија (67 км долж границите со Австрија и Хрватска, 28 км во внатрешноста на Словенија),[2] а остатокот ја образува границата меѓу Хрватска и Унгарија. Најголем град по течението на Мура е Грац (Градец) во Австрија. Сливот зафаќа површина од 13.800 км2.[3]
Поважни притоки на Мура се Мирц, Сулм, Шчавница, Ледава и Трнава.[2]
Течение[уреди | уреди извор]
Реката извира од тешко достапна долина во областа Лунгау на покраината Салцбург, Австрија. Тече на исток низ Тамсвег, па преминува во покраината Штаерска.
Меѓу Тамсвег и Унцмаркт-Фрауенбург, Мура тече низ стрмна долина, и напоредно со теснолиниската пруга наречена по неа (Мурталбан, 65 км). Од Унцмаркт натаму, реката продолжува во источен правец низ индустриските градови Леобен и Брук на Мура. Тука во неа се влева Мирц, па нагло свртува на југ и тече низ градот Грац.
Течејќи низ центарот на Грац, Мура минува под утврдената височина Шлосберг и крај стариот град. Некогаш реката била многу загадена од неколку фабрики за хартија крај брегот и железарницата кај Леобен, но почнувајќи од 1980-тите, квалитетот на водата е значително подобрен.
Од Грав реката продолжува на југ, одминувајќи го Лајбниц (Липница) и се спојува со Сулм, каде фаќа поисточен правец. Недалеку од Шпилфелд (Шпилје), реката ја образува границата меѓу Австрија и Словенија сè со Бад Радкерсбург (Радгона) и Горна Радгона, каде целосно преминува во Словенија.
Во Словенија Мура минува низ Раденци и Вержеј. Таму влегува во областите наречени по неа — Прекмурје („преку Мура“) во Словенија и Меѓимурје („меѓу Мура“) во Хрватска. На ова подрачје сè уште се среќаваат влечни скели и пловечки воденици.
Во Горно Меѓимурје реката често го менува течението, полека движејќи се на север од левата страна. Тука се среќава шумата Муршчак, помеѓу Домашинец и Долен Храшчан. Примајќи ја последната значајна притока Трнава, Мура се влева во Драва кај Леград во Копривничко-крижевачката жупанија, Хрватска.
Ползување[уреди | уреди извор]
Мура стопански се ползува уште од стариот век. Познато е дека во IV век п.н.е. на нејзините брзаци работеле пловечки воденици, технологија подоцна наследена од Словените и Маѓарите. Многу од ваквите воденици работеле и во 20-тите и 30-тите години на XX век, од кои денес е активна Бабичевата воденица (Бабичев млин) кај Вержеј во Словенија.[4]
Реката носи помали количества злато кои не се доволни за современа експлоатација, но сепак се собрале во подалечното минато. Организираното испитување и ползување на златото и другите месни ресурси отпочнало во 1772 г.
Во Австрија, Мура има неколку хидроелектрични брани.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Novak, Vilko. 2006. Slovar stare knjižne prekmurščine. Ljubljana: ZRC SAZU, pp. 262, 269.
- ↑ 2,0 2,1 „Reke, dolge nad 25 km, in njihova padavinska območja“. Statistical Office of the Republic of Slovenia. 2002.
- ↑ Острошки, Лилјана, уред. (декември 2015). Статистички годишник на Република Хрватска 2015 (PDF). Државен завод за статистика. стр. 49. ISSN 1333-3305. Посетено на 27 декември 2015.
- ↑ „Milling as Remembrance of Times Past in Prekmurje“. slovenia.si. May 2008. Посетено на 26 March 2015.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Мура“ на Ризницата ? |
- Состојба на Мура во Горна Радгона и Петањци — водостој, проток и температура за изминатите 30 дена. АРСО.
|
|