Одра (притока на Купа)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Одра
Odra-Sisak.JPG
Одра во близина на Сисак
Земја Хрватска
Физички особености
Должина 83 километри

Одра е река во Хрватска, лева притока и е реката Купа, долга е 83 километри, со слив од 604 километри квадратни.[1] Се создава од две краци на Косница и Ломница.

Во поголемиот дел тече паралелно со реката Сава. Се влева во Купа кај селото Шишачка Одра кое не е далеку од Сисак. Најважни притоки се Буна и Лекеник. Со својот тек поминува низ рамница и низ шуми. Од каналот Сава-Одра, па сè до селото Шишачка Одра, низ нејзиниот тек нема население. Богата е со животински свет (дабари, риби, големи барски желки, змии, и друго), а на нивните скришни места доаѓаат по вода шумски животни (диви свињи, срни, елени, лисици и друго).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Острошки, Лилјана, уред. (декември 2015) „1-8. Rivers“ (PDF) Статистички годишник на Република Хрватска 2015Државен завод за статистикастр. 49 http://www.dzs.hr/Hrv_Eng/ljetopis/2015/sljh2015.pdf. посет. 27 декември 2015 г  (хрватски) (англиски)