Централни Источни Алпи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Централни Источни Алпи
Zentrale Ostalpen
Групата Венедигер на Високите Таури
Највисока точка
ВрвБернина
Надм. височина4049 м
Координати46°22′56.6″N 9°54′29.2″E / 46.382389° СГШ; 9.908111° ИГД / 46.382389; 9.908111Координати: 46°22′56.6″N 9°54′29.2″E / 46.382389° СГШ; 9.908111° ИГД / 46.382389; 9.908111
Географија
Земји
Делови
Матичен венецИсточни Алпи
Геологија
Орогенезаалпска
Периодмезозоик и терцијар
Вид карпагнајс и шкрилец

Централни Источни Алпи (германски: Zentralalpen или Zentrale Ostalpen; означувани и како Австриски Централни Алпи, Österreichische Zentralalpen или само како „Централни Алпи“)[1] — главен планински венец на Источните Алпи во Австрија и блиските области во Швајцарија, Лихтенштајн, Италија и Словенија.

Терминот „Централни Алпи“ е многу чест во австриската географија како еден од седумте главни области во земјата. „Централни Источни Алпи“ главно се користи во поврзаност со алпската клупска класификација на Источните Алпи (Alpenvereinseinteilung, AVE). Централните Алпи го создаваат источниот дел на алпската линија, средишен планински венец, како и оние венци кои се протегаат на север и југ.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Група планини во состав на Централните Источни Алпи

Централните Алпи ги имаат највисоките врвови на Источните Алпи и се сместени помеѓу Северните и Јужните Варовнички Алпи, од кои се разликуваат во геолошкиот состав.

Главни се сместени во Австрија, се протегаат од подножјето на Бергамските Алпи кај езерото Комо и Бернина во кантонот Граубинден, источна Швајцарија долж брегот на Рајна во Лихтенштајн на запад сè до реката Мура на исток во Штаерска. Долините на реките Ин, Залцах и Енс ја обележуваат северна граница, додека реката Драва јужната граница.

Централни Алпи како главна областа во Австрија[уреди | уреди извор]

Во Австрија, Источните Алпи се поделени на Северни Алпи, Зона Грауваке, Централни Алпи и Јужни Алпи. Крајните се наоѓаат во јужна Корушка, но главно во североисточна Италија.

Геоморфологија[уреди | уреди извор]

Венецот ги има највисоките врвови во Источните Алпи и има многу ледници. Во преодната зона помеѓу Источните и Западните Алпи, овие врвови преовладуваат во областа.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Немојте да се збуните со другото значење на Централни Алпи, т.е. Швајцарски Алпи.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]