Комо (езеро)
| Комо | |
|---|---|
Lago di Como.png | |
| Место | Ломбардија, Италија |
| Координати | |
| Главен дотек | река Ада, река Мера |
| Главен истек | река Ада |
| Површина на сливот | 4.509 км2 [1] |
| Земји во сливот | Италија, Швајцарија |
| Најг. должина | 46 км |
| Најг. ширина | 4.5 км |
| Површина | 146 км2 |
| Прос. длабочина | 154 м [1] |
| Најг. длабочина | 410 м |
| Водна зафатнина | 22,5 км3 |
| Проточност (на езерската вода) | 4.5 години [1] |
| Надм. височина на површината | 198 m [1] |
| Острови | Изола Комачина |
| Населени места | Комо, Леко (видете во статијата) |
| Наводи | [1] |
Комо (италијански: Lago di Como или Lario) — езеро од ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Зафаќа површина од 146 км2 и со тоа е трето по големина во земјата, по Гарда и Маџоре. Со своите 410 м ова езеро е едно од најдлабоките езера во Европа и самото дно е 200 м подморска височина.
Езерото има многу интересен облик: како превртена буква „Y“. Северниот ракавец почнува од градот Колико, додека градовите Комо и Леко се наоѓаат на краевите на југозападниот, односно југоисточниот ракавец. Малите гратчиња Белаџо, Менаџо и Варена се наоѓаат кај крстопатот помеѓу трите ракава на езерото: ти се поврзани, меѓу другото, со тригајолна бродска превозна служба.
Во голем дел езерото го полни реката Ада, која се влева близу градот Колико а истекува кај градот Леко. Ова значи дека југозападниот ракавец е всушност слеп завршеток бидејќи Комо, за разлика од Леко, често се поплавува. Убавината на езерото и околината привлекува многу богати луѓе и ѕвезди каде тие имаат вили.
Името на езерото
[уреди | уреди извор]Вистинското италијанско име на езерото е Lario, но ова име ретко се употребува; Обично езерото се нарекува Lago di Como', што значи „Езеро Комо“.
Крајезерски населени места
[уреди | уреди извор]
| Западен брег од север кон југ |
Јужен брег од запад кон исток |
Источен брег од север кон југ |
|---|---|---|
|
|

Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 „laghi italiani“. Istituto Italiano di Idrobiologia. Архивирано од изворникот на 2010-02-05. Посетено на 2006-11-17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Карта на езерото Архивирано на 5 февруари 2009 г.
- Туристички информации за езерото Архивирано на 10 јануари 2008 г.
|
