Гарда (езеро)
| Езерото Гарда | |
|---|---|
| Координати | |
| Вид | ледничко езеро |
| Главен дотек | р. Сарка |
| Главен истек | р. Минцио |
| Површина на сливот | 2.350 км2 |
| Земји во сливот | Италија, Швајцарија |
| Најг. должина | 51,9 km |
| Најг. ширина | 16,7 km |
| Површина | 370 км2 |
| Прос. длабочина | 136 m |
| Најг. длабочина | 346 m |
| Водна зафатнина | 50,35 км3 |
| Проточност (на езерската вода) | 26,8 г. |
| Надм. височина на површината | 65 m |

Езерото Гарда (италијански Lago di Garda) е најголемото езеро во Италија.[1] Се наоѓа во северниот дел од земјата, на полпат помеѓу Венеција и Милано. Езерото се наоѓа на преминот од алпскиот регион на Доломитите кон низината Ломбардија. Оформенo e од ледници при крајот на последното ледено доба. Езерото и неговото крајбрежје се поделени помеќу провинциите Верона (југоисточно), Бреша (југозападно) и Тренто (северно). Езерото е голема туристичка атракција, со голем број хотели, туристички населби и забавни паркови по брегот.
Стариот утврден град Сирмионе, кој се наоѓа на полуостров на јужниот брег од езерото е особено популарно туристичко место, каде се наоѓат бањите Вирџилио и Катуљо уште од римско време, како и бројни ресторани, барови, хотели, модни продавници и пазар. Живописниот замок Скалигер датира од XIII век. Римската вила била домот на поетот Катул. Сулфурниот извор на врвот на полуостровот е познат по својата способност да лечи заболувања, особено оние кај увото.

Интересно место е и северозападното село Лимоне. Ова место се прославило во 1979 кога таму бил откриен аполипобелковината АпоА-1 Милано). Оваа белковина, која се наоѓала во крвта на луѓето родени во Лимоне, брзо ги чисти артериите од масти, кои потоа ги носи во црниот дроб, каде се елиминираат. Оваа белковина е ефикасна против артериосклероза и инфаркт. [2]
На југоисточниот брег, северно од гратчето Пескиера, се наоѓаат Гардаланд, Аква Парадајз и Канева Муви Студио едни од најпознатите паркови во Италија.
Крајбрежни места се: Сирмионе, Десенцано, Сало, Гардоне Ривиера, Тосколано-Мадерно, Гарњано, Лимоне, Монига, Паденгде сул Гарда во брескиската страна на езерото, Пескиера дел гарда, Лацисе, Бардолино, Гарда, Тори дел Бенако, Бренцоне, Малкесине на веронската страна на езерото, Рива дел гарда, Наго-Торболе на трентската страна на езерото.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Origine del toponimo Garda“ (Italian). Архивирано од изворникот 22 July 2011. Посетено на 12 February 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Sirtori, C. R.; Calabresi, L.; Franceschini, G.; Baldassarre, D.; Amato, M.; Johansson, J.; Salvetti, M.; Monteduro, C.; Zulli, R.; Muiesan, M. L.; Agabiti-Rosei, E. (17 April 2001). „Cardiovascular status of carriers of the apolipoprotein A-I(Milano) mutant: the Limone sul Garda study“ (PDF). Circulation. 103 (15): 1949–1954. doi:10.1161/01.cir.103.15.1949. PMID 11306522.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Веб-камери на Гарда (англиски)
- Mondophoto.net Архивирано на 1 јули 2006 г. над 250 фотографии од Сирмионе и езерото Гарда (англиски)
| „Гарда (езеро)“ на Ризницата ? |
|
| Оваа статија место во Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
