Срцев удар, устрел, дамла, шлог или миокарден инфаркт е израз што се користи кога коронарната артерија наеднаш ќе се затне со грутка крв и делот од срцевиот мускул што е снабдуван од таа артерија ќе се оштети, затоа што е лишен од кислород. Главните знаци се болка во градите или нелагодност. Медицинскиот израз за ова неочекувано блокирање со грутка крв (тромб) на срцевата артерија се нарекува коронарна тромбоза или коронарно затнување. Медицинскиот израз за постојано оштетување на срцевиот мускул е срцев инфаркт (myocardial infarction).[2]
Во Македонија, според податоците на Институтот за јавно здравје, дневно умираат по четворица луѓе како последица на инфаркт.[3]