Доломити
Доломити | |
---|---|
италијански: Dolomiti германски: Dolomiten | |
Поглед од Пордои | |
Највисока точка | |
Врв | Мармолада |
Надм. височина | 3.343 м |
Координати | 46°26′N 11°51′E / 46.433° СГШ; 11.850° ИГД |
Географија | |
Земји | Италија |
Покраини | Белуно, Јужен Тирол и Трентино |
Геологија | |
Горообразба | алпска |
Период | претежно тријас |
Вид карпа | седиментна карпа, вкл. доломит и вулкан |
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | vii, viii |
Навод | 1237 |
Запис | 2009 (XXXIII заседание) |
Доломити (италијански: Dolomiti, ладински: Dolomites; германски: Dolomiten, венецијански: Dołomiti, фурлански: Dolomitis) — планински венец во североисточна Италија. Сочинуваат дел од Јужните Варовнички Алпи и се протегаат од реката Адиџе на запад до долината на Пијава (Пјеве ди Кадоре) на исток. Северната и јужната граница ја образуваат Пустерската и Суганската Долина. Венецот е речиси подеднакво распределен во покраините Белуно, Јужен Тирол и Трентино.
На исток, преку реката Пијава се протегаат планински групи со сличен геолошки состав, наречени Прекупијавски Доломити (Dolomiti d'Oltrepiave); во далечината, преку реката Адиџе на запад е Брентската група (Западни Доломити). Постои и помала група наречена Мали Доломити (Piccole Dolomiti), сместена меѓу покраините Трентино, Верона и Виченца (на картата).
Венецот има еден национален парк и поголем број регионални паркови. Во август 2009 г. Доломитите се прогласени за светско наследство на УНЕСКО.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Доломитите, наречени и „Бледи Планини“ (Monti pallidi), се наречени по карпата доломит, која пак е наречена по нејзиниот прв опишувач, францускиот минералог Деода Грате де Доломје (1750–1801).[1]
Историја
[уреди | уреди извор]За време на Првата светска војна, фронтовата линија помеѓу италијанските и австроунгарските сили се протегала преку Доломитите, и тука се одиграле жестоки борби меѓу мини.
Денес кај Чинкве Тори (Пет Кули) и планината Лагацуој има по еден воен музеј на отворено. Многу посетители ги искачуваат „железните патишта“, направени за искачување на карпите за време на Првата светска војна.
Низ планините минуваат и неколку значајно долги пешачки патеки, наречени „високи патеки“ (alte vie), означени со броеви од 1 до 8. Долж патеките има разни планинарски засолништа (rifugi) кои се на располагање на планинарите. За да се поминат сите патеки е потребна барем една недела.
Географија
[уреди | уреди извор]Подрачјето обично се дели на Источни и Западни Доломити, одделени со линија по оската на долината Бадија – превојот Камполонго – долината Кордеволе (Агордино).
Групи
[уреди | уреди извор]Според начинот на групирање, Доломитите се делат на следниве венци:
|
|
Туризам
[уреди | уреди извор]Доломитите се познати по скијањето зиме и планинарството, велосипедизмот, BASE-скокањето, параглајдерството и делтапланството доцна напролет, лете и на почетокот на есента. Слободното качување се одвива на планините уште од 1887 г. кога 17-годишниот Георг Винклер сам го освоил врвот на Вахолетските Кули.[2] Главни туристички центри се: Рока Пјеторе крај ледникот на Мармолада на границата меѓу Трентино и Венето, гратчињата Алеге, Фалкаде, Ауронцо ди Кадоре и Кортина д'Ампецо, селата Араба, Ортизеи и Сан Мартино ди Кастроца, како и целите долини Фаса, Гардена и Бадија.
Секоја година првата недела од јули се одржува еднодневниот велосипедистички натпревар „Маратон по Доломитите“ (Maratona dles Dolomites), кој се вози по седум превои на Доломитите.
Поважни врвови
[уреди | уреди извор]Име | Висина (м) | Име | Висина (м) |
---|---|---|---|
Мармолада | 3.343 | Пала ди Сан Мартино | 2.982 |
Антелао | 3.264 | Розенгартеншпице / Катиначо | 2.981 |
Тофана ди Меѕо | 3.241 | Чима ди Фрадуста | 2.941 |
Сорапис | 3.229 | Чимон дел Фропа | 2.932 |
Кристало | 3.221 | Монте Ањер | 2.872 |
Монте Чивета | 3.220 | Фермедска Кула | 2.867 |
Чима ди Вецана | 3.192 | Чима д'Аста | 2.848 |
Чимон дела Пала | 3.184 | Чима ди Канали | 2.846 |
Лангкофел / Сасолунго | 3.181 | Крода Гранде | 2.839 |
Монте Пелмо | 3.168 | Вајолетски Кули (највисоки) | 2.821 |
Драјшустершпице | 3.162 | Sass Maor | 2.816 |
Боешпице / Пиц Бое (група Села) | 3.152 | Чима ди Бал | 2.783 |
Висок Гајсл (Крода Роса д'Ампецо) | 3.148 | Чима дела Мадона (Сас Маор) | 2.751 |
Фернел | 3.145 | Розета | 2.741 |
Пиц Попена | 3.143 | Крода да Лаго | 2.716 |
Громаншпице (Лангкофел) | 3.126 | Централен Граслајтеншпице | 2.705 |
Цвелферкофел | 3.094 | Шлерн | 2.562 |
Елферкофел | 3.092 | Сасо ди Мур | 2.554 |
Сас Ригајс (Гајслершпицен) | 3.025 | Чима деле Додичи | 2.338 |
Кеселкогел (Розенгартен) | 3.004 | Монте Павионе | 2.336 |
Тре Чиме ди Лаваредо (Драј Цинен) | 2.999 | Чима Палон | 2.239 |
Финффинершпице | 2.997 | Чима ди Поста | 2.235 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Saussure le fils, M. de (1792): Analyse de la dolomie. Journal de Physique, vol. 40, pp. 161–173.
- ↑ Huber, Alex. „The Perfect Perfume“. Rock and Ice Magazine. Архивирано од изворникот на 2008-02-15.
Литература
[уреди | уреди извор]- Provincia di Belluno, Provincia Autonoma di Bolzano-Alto Adige Autonome Provinz Bozen-Südtirol, Provincia di Pordenone, Provincia Autonoma di Trento, Provincia di Udine, Regione Autonoma Friuli Venezia Giulia, 2008. Nomination of the Dolomites for inscription on the World Natural Heritage List UNESCO. Nomination Document.
- „HD Pictures of the main areas of the Dolomites“. Bruno Mandolesi. Архивирано од изворникот на 2021-02-14. Посетено на 2016-12-31.
- „360 degree panorama Dolomites“. SiMedia Srl. Архивирано од изворникот на 2011-01-26. Посетено на 14 April 2010.
- Roger. „Walks and Via Ferrata in the Dolomites“. CommunityWalk.com. Архивирано од изворникот на 2018-01-08. Посетено на 14 April 2010.
- „Strada delle 52 Gallerie“. Eclectica.
- „Monte Piana in the Dolomites“. Eclectica. August 21, 2006.
- „Via Ferrata Lagazuoi Tunnels“. Eclectica. August 9, 2006.
- „Up to the Turquoise Lake“. Eclectica. August 1, 2006.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Доломити“ на Ризницата ? |
- Портал на Доломитите (англиски)
- Национален парк Белунски Доломити Архивирано на 1 декември 2017 г. (англиски)
- Подробни топографски карти — Воен топографски институт на Италија
|
|