Јужен Тирол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Болцано-Јужен Тирол
автономна покраина
Знаме на Болцано-Јужен Тирол
Знаме
Грб на Болцано-Јужен Тирол
Грб
Јужен Тирол (во црвена боја) на картата на Италија
Јужен Тирол (во црвена боја) на картата на Италија
Земја Италија
РегионТрентино-Јужен Тирол
Главен градБолцано
Општини116
Управа
 • ОрганЛандтаг (Совет)
Површина
 • Вкупна7.399,97 км2 (285,714 ми2)
Население (1 јануари 2019)
 • Вкупно531.178
 • Густина0,72/км2 (1,9/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код39XXX
Тел. префикси0471, 0472, 0473, 0474
Рег. таб.BZ
БДП (номинално)€24.8 билиони (2018)[1]
БДП по глава на жител€47,100 (2018)[2]
ИЧР (2018)0.888[3]
многу високо · 10-ти од 21 (во Италија)
ISTAT021
Мреж. местоprovincia.bz.it

Јужен Тирол — автономна покраина во Северна Италија, една од двете што го сочинуваат автономниот регион Трентино-Јужен Тирол.[4] Нејзиното официјално име е Автономна покраина Болцано-Јужен Тирол, односно на трите официјални јазици: Autonome Provinz Bozen – Südtirol на германски; Provincia autonoma di Bolzano – Alto Adige на италијански, и Provinzia autonoma de Bulsan – Südtirol на ладински, одразувајќи ги трите главни јазични групи на кои им припаѓа населението. Покраината е најсеверна во Италија, втора по големина, со површина од 7.400 квадратни километри и има вкупно население од 531.178 жители заклучно со 2019 година. Нејзин најголем и главен град е Болцано.

Според податоци од 2014 година засновни на пописот во 2011 година, 62,3% од населението зборува германски како прв јазик (стандарден германски јазик во пишана форма и австро-баварски дијалект во говорна форма); 23,4% од населението зборува италијански, главно во и околу двата најголеми градови (Болцано и Мерано); 4,1% зборува ладински, реторомански јазик, и 10,2% од населението (главно неодамнешни имигранти) зборува на друг мајчин јазик.

На покраината ѝ е доделено значително ниво на самоуправа, што се состои од голем спектар на ексклузивни законодавни и извршни овластувања и фискален режим што ѝ овозможува на покраината да задржи 90% од приходите, додека останува нето-придонесувач во националниот буџет. Во 2016 година, Јужен Тирол била најбогатата покраина во Италија и меѓу најбогатите во Европската унија.

Во поширокиот контекст на Европската унија, покраината е една од трите членки на еврорегионот Тирол-Јужен Тирол-Трентино, што речиси одговара со историскиот регион Тирол. Другите членки се државата Тирол во Австрија, на север и исток, и италијанската автономна покраина Тренто на југ.

Име[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Географија[уреди | уреди извор]

Политика[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Eurostat – Tables, Graphs and Maps Interface (TGM) table“. European Commission. 12 August 2011. Посетено на 2 September 2019.
  2. ec.europa.eu. "Regional GDP per capita ranged from 30% to 263% of the EU average in 2018". Соопштение за печат.
  3. „Sub-national HDI – Area Database – Global Data Lab“. hdi. globaldatalab.org (англиски). Посетено на 13 September 2018.
  4. [1] Statuto speciale per il Trentino-Alto Adige .