Прејди на содржината

Северен Тирол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Северен Тирол во рамките на поголемиот еврорегион Тирол

Северен Тирол (германски: Nordtirol) — главен дел на австриската покраина Тирол, сместена во западниот дел на земајта. Другиот дел на покраината е Источен Тирол, кој исто така е во Австрија, но не се граничи со Северен Тирол.

Покрај овие две области, историската област Тирол долги векови ги опфаќала и Јужен Тирол и областа Трентино (Италијански Тирол), предадени на Италија по Првата светска војна. Со тоа, Северен и Источен Тирол останале отцепени од остатокот од областа. По војната се јавило силно движење за обединување на Северен Тирол со германската покраина Баварија.[1]

Северен Тирол се граничи со покраината Салцбург на исток, Баварија во Германија на север, Предарлска на запад, кантонот Граубинден (Гризон) во Швајцарија на југозапад и Јужен Тирол во Италија на југ. Седиште и најголем град е Инсбрук.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Carsten, Francis Ludwig. The First Austrian Republic: 1918-1938. Gower, 1986. P. 3.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]