Изар
| Изар | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Дунав 48°48′11″N 12°58′35″E / 48.80306°N 12.97639°E |
| Должина | 295 км |
| Особености на сливот | |
![]() | |
Изар (германски: Isar) — река во покраините Тирол (Австрија) и Баварија (Германија). Извира во венецот Карвендел на Алпите во Тирол. Навлегува во Германија кај Митенвалд и тече низ Бад Телц, Минхен и Ландсхут, па се влева во Дунав кај Дегендорф. Долга е 295 км и со тоа четврта по големина во Баварија, по Дунав, Ин и Мајна. Важи за втора најзначајна притока на Дунав во Германија, по Ин.
Географија
[уреди | уреди извор]Сливот на Изар опфаќа значаен дел од Алпите и делови од Карвендел на североисток кон Дунав, и потоа кон Црното Море. Зафаќа површина од преку 9.000 км2. Поради зимските снегови на Алпите, реката е мошне полноводна на пролет, откако ќе се стопат. Просчениот истек изнесува 175 км2/с[1] и по тоа е слична на останатите средноголеми реки во Германија како Мозел, Лех и Мајна.
Најголеми притоки се Ампер и Лојзах, а има и повеќе помали, како Лојташ, Јахен, Дирах, Дорфен, Земпт и Пфетрах.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Средна вредност, MQ 1926/2006
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Изар на Ризницата ?- Знаменитости на Минхен: реката Изар Архивирано на 2 февруари 2013 г. (англиски)
| ||||||||||||||||||||||||
|

