Прејди на содржината

Јантра

Координати: 43°24′33″N 25°40′45″E / 43.40917° СГШ; 25.67917° ИГД / 43.40917; 25.67917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јантра
Јантра низ Велико Трново
Изворно имеЯнтра  (бугарски)
Местоположба
ДржаваБугарија
Физички особености
УстиеДунав, кај Свиштов
Должина285 км
Особености на сливот
Карта

Јантра (бугарски: Янтра) — река во северна Бугарија и десна притока на Дунав. Долга е 285 км и има сливна површина од 7.862 км2. Го зазема третото место по должина меѓу притоките на Дунав во Бугарија.

Реката извира во северното подножје на врвот Хаџи Димитар во средишниот дел на Стара Планина, на надморска височина од 1.340 м. Во горното течение често се нарекува со постарото име Етар (Етър). Се влева во дунав недалеку од Свиштов.

Од особено значење се многуте клисури кои реката ги образува во предбалканското подрачје, од кои најголемата е сместена близу Велико Трново и има должина од 7 км, или двапати повеќе ако се сметаат многуте свиоци.

Поважни градови по течението на Јантра се Габрово, Велико Трново, Горна Орјаховица, Полски Трмбеш и Бјала. Недалеку од Бјала, преку реката се протега познатиот Беленски мост.

Наречено во чест на реката

[уреди | уреди извор]

Заливот Јантра на островот Ливингстон во состав на Јужните Шетландски Острови на Антарктикот е наречен по оваа река.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

43°24′33″N 25°40′45″E / 43.40917° СГШ; 25.67917° ИГД / 43.40917; 25.67917