Делта на Дунав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Светско наследство на УНЕСКО
Делтата на Дунав
( Delta Dunării )
Назив според описот на списокот
Слика од делтата на Дунав
Земја Романија, Украина
Вид природен
Критериуми vii, x
Навод 588
Регион по УНЕСКО Список на светски наследства
Запис
Прогласено 1991 (15th. заседание)
Вливот на Дунав во Црното Море (слика на NASA Goddard)

Делта на Дунав (романски: Delta Dunării, украински: Дельта Дунаю) – втора најголема речна делта во Европа, веднаш после делтата на Волга. На околу 70 км од своето устие Дунав се дели на два крака – Килија и Тулча. Тулча од своја страна се дели на ракавците Св. Ѓорѓи, кој во Дунав се влива со двоструко устие, и Сулина која е најпогодна за пловидба. Тоа се главните притоки на делтата на Дунав, втората најголема река во Европа. Дунав поврзан со пристаништето Констанца е важен пловен пат за Романија и сите останати земји низ кои тој тече како и за пловниот пат Рајна-Мајна- Дунав.

Делтата на Дунав

Самата делта има површина од 4 170 km2, од кои 3 465 km2 И припаѓаат на Романија, а останатите на Украина. Солените езера често се приклучуваат на ова подрачје, и со нив вкупната површина изнесува 4 400 km2. Околу 2 000 km2 од делтата се под нивото на морето, така што заедно со малата густина на населеност овој факт му придодава на изгледот на делтата и на нејзината зачуваност.

Оваа делта е право царство на реки, рекички, бари, мочуришта, езера, лагуни, заливи и сл.

Флората и фауната се богати, а најзабележлива е барската трска. Ова подрачје е заштитено и е дом на многубројни видови птици. Во делтата се наоѓаат преку 40 разни видови риби, па 50% од риболовот се остварува во подрачјето на делтата. Во пејзажот забележителни се и бројните ветерници. Одгледувањето на трска е многу битно од економска гледна точка. Во седумдесеттите години на 20 век производството било околу 330 000 тони годишно. Во делтата живеат само околу дваесетина илјади жители, па нема поголеми урбани населби.

Делтата на Дунав во близина на Тулча (2010)

Историја[уреди | уреди извор]

Делтата на Дунав во 1876 година

Делтата на Дунав почнала да се образува после 4000 година п.н.е. со исполнување на заливот на Црното Море со речни седименти, во кој процес Дунав се поделил на ракавци Св. Ѓорѓи (3500 година п.н.е. – 1600 година п.н.е.), Сулина (околу 1600 година п.н.е), Св. Ѓорѓи II (од 1 година до денес) и Килија (1600 година до денес).

Најстариот пишан спомен за делтата на Дунав го напишале Дачаните кои ја контролирале пред истата да ја освојат Римјаните. По инвазијата на Готите, ова подрачје неколку пати го менувало сопственикот, сè додека во 15 век не ја освоиле Османлиите.

Во 1812 година, после Руско-турската војна, границата меѓу Руското и Османското Царство одела по ракавците Килија и Стар Стамбол, а во 1829 година по ракавецот Св. Ѓорѓи. Со Парискиот мировен договор од 1856 година, со кој заврши Кримската војна, делтата на Дунав му е доделена на Османското Царство и основан е меѓународен одбор кој имал задача да ја осигури и унапреди пловидбата по делтата на Дунав. Во 1878 година, после поразот на Османското Царство од здружените снаги на Русија и Романија, границата повторно е вратена на ракавците Килија и Стар Стамбол.

Пелографска еволуција на делтата на Дунава

Романскиот дел од делтата на Дунав веќе во 1938 година е прогласен за резерват на природата, а украинскиот бил прогласен во 1973 година. Откога во 1991 година делтата на Дунав станала светско наследство, УНЕСКО помогнал за основање на резерват на биосфера на површина од 6 264 km2, и истиот е поделен меѓу Романија и Украина. Тоа е најголемото заштитено зелено подрачје во Европа кое го делат две држави. Од почетокот на 21 век овде забрзано се развива туризмот, па само во јули 2004 година забележани се повеќе од 54 000 посетители, двојно повеќе од вкупниот број на жители.

Биоразличност[уреди | уреди извор]

Делтата на Дунав е единствен екосистем и најголемо мокро подрачје на тлото на Европа на кое живеат околу 4 000 животински и 1 000 растителни видови. Нејзините шуми главно се даб, топола и врба, кои растат на бреговите на речните ракавци.

Во густата водена мрежа на делтата на Дунав живеат околу 450 видови риби, од кои најзастапени се: крап, карас, црвеноперка, и др., како и грабливките: штука, сом и др. Тука се фатени некои од најголемите примероци на овие риби во Европа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]