Волга
Волга | |
---|---|
![]() Сливот на Волга | |
Земја | Русија |
Слив | |
Устие | Касписко Езеро |
Сливна повр. | 1.360.000 км² |
Физички особености | |
Должина | 3.530 км |
ДВР | 08010100112110000000017 |
Волга на Ризницата |
Волга е река во западна Русија. Таа е најдолгата река во Европа (3.530 км) и е јадрото на најопширниот речен систем на континентот (површина на сливот 1.360.000 км2). Средното и долното течение на реката ја образуваат географската област Поволжје.
Имињата на Волга на јазиците на различните народи кои живеат покрај неа се:
Името Волга произлегува од најмногубројното племе што ја населувало во минатото, Волгарите. Пред тоа, реката се викала Итил. Волга извира од Валдајското возвишение и се влева во Каспиското Езеро (површина 19.000 км2). Замрзнува во периодот декември-април. Реката Волга има околу 200 притоки. Со канали е поврзана со Балтичко Море, Бело Море, Азовско Море и Црно Море. Водите на Волга се користат за водоснабдување, напојување, добивање на енергија и др.
![]() |
Оваа статија за место во Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|