Молога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Молога
Местоположба
Физички особености
УстиеРибинско Езеро
Особености на сливот

Молога (руски: Молога) е река што тече низ територијата на Тверската, Новгородската и Вологдската област на северозапад од европскиот дел на Руската Федерација.

Се влева во северозападниот залив на вештачкото Рибинско Езеро, акумулација создадена со пренасочување на коритото на реката Волга во текот на 40-тите години на минатиот век. Припаѓа на басенот на реката Волга и Каспиското Езеро.

Физичко-географски одлики[уреди | уреди извор]

Реката Молога го започнува својот тек во мочуришното подрачје во близина на селото Кључеваја на подрачјет на Максатишкиот реон во Тверската област. Во горните делови на потокот, се одликува со исклучително бавен проток и бројни меандри, а ширината на речното корито е помеѓу 10 и 20 метри. Првично, тече во северен правец, а потоа се врти на исток и југоисток. Во близина на градот Бежец, нејзините води се излеваат во огромна низина и формираат систем од неколку езера од типот на мочуришта, со ширина од 100 и 600 метри. Во тој дел од потокот, нејзините брегови се многу обраснати со мочурлива вегетација и има бројни речни острови.

Во средниот дел на течението на Молога, тече низ езерото Верестово, а во тоа подрачје нејзината крајбрежна рамнина достигнува ширина до 4 km. И во ова подрачје бреговите се многу мочурливи и под густа мочурлива вегетација. Кај гратчето Максатиха, реката се свртува кон север, а ширината на речното корито се зголемува на 60 метри. Низводно од градот Устјужна, Молога е пловна при висок водостој. Во зоната на устието, ширината на речното корито надминува 200 метри.

Со изградбата на Рибинското езеро, целиот долен тек на реката Молога бил поплавен, а со тоа и должината на речното корито била скратена, од првичните 607 km на сегашните 456 km. Површината на сливното подрачје е 29.700 км2, а просечниот проток во зоната на устието е околу 237 m³/s (во средниот дел на протокот 60 m³/s). Реката е под мраз од средината на ноември до средината на април. Максималното ниво на водата е во пролет, а реката е на тоа ниво помеѓу 3 и 6 недели.

Најважните притоки се Ривица, Волчина, Кеза, Сарагожа, Кирва, Кобожа, Чагода (сите леви) и Остречина, Осењ и Ратиња (десно). Пред изградбата на Рибинското езеро, реката Сит се влевала во Молога.

На нејзините брегови се наоѓаат населбите Бежецк, Устјужна, Пестово, Весјегонск и Максатиха .

Поврзано[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Г. В. Судаков. Молога // енциклопедија Вологда / гл. ред. Г. В. Судаков. Вологда: Русија. 2006.  978-5-87822-305-8 . .