Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Брда (словенечки : Občina Brda , италијански : Comune di Collio ) — општина во Горичкиот статистички регион , во историската областа Приморска , западна Словенија . Се протега од границата со италија до реката Соча . На исток е ридот Саботин (609 м), а на север е возвишението Корада (812 м).[ 2] Во 2020 г. населението броело 5.619 жители.[ 1] Седиште е селото Доброво .
Населението говори посебен дијалект од приморското наречје.
Општината го опфаќа словенечкиот дел на Горичките Ридови кои претставуваат еден од најважните вински микрирегиони во Словенија. Се одликува со блага средоземна клима , заштитена од силниот ветар бура кој често вее по другите делови на Приморјето.
Покрај општинското седиште Доброво , општината ги опфаќа и следниве населени места:
Најважна стопанска гранка е земјоделството: покрај грозјето , најзначаен производ се црешите , а по нив следат кајсиите , крушите , смоквите и сливите . Заедно со Випавската Долина , Брда одгледува најголемо количество на рајски јаболка во земјата. Се произведуваат и помали количества маслиново масло .
Во лозарството застапени се сортите мерло , каберне совињон , пино ноар , пино гри и совињон вер.
Алојз Градник (1882 - 1967) — поет и преведувач (роден во Медана)
Соседни места на Општина Брда