Постојнска Јама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Постојнска Јама
Postojnska jama
Burger PostojnskaJama.jpg
Сталагмити во јамата
Постојнска Јама is located in Словенија
Постојнска Јама
Постојнска Јама
Постојнска Јама (Словенија)
МестоОпштина Постојна, Словенија
Длабочина115 м
Должина20,5 км
Геологијаваровничка
Пристаппеш
РегистарCave E-Cadastre[1]

Постојнска Јама (словенечки: Postojnska jama) — карстен пештерски систем кај Постојна, Словенија, долг 20,5 км. Претставува втор најголем ваков систем во Словенија (по Миговец)[2] и една од најголемите посетителски места во земјата.[3] Јамата е создадена од реката Пивка.

Историја[уреди | уреди извор]

Пештерата прв ја опишал природонаучникот Јанез Вајкард Валвазор — основоположник на изучувањето на карстните појави.[4] Во 1818 г. мештанинот Лука Чеч открил нов дел од системот, кога се вршени подготовките за посетата на светиот римски цар Франц I на пештерата.

Прв водич и електрично осветлување

Во 1819 г. Постојнската Јама е отворена за посети од јавноста и Чеч станал нејзиниот прв туристички водич. Во 1884 г. во пештерата е поставено електрично осветлување во земјата, дури и пред Љубљана.

Посетителска железница

Во 1872 г. во пештерата е поставена посетителска железница за разгледување на внатрешнсота. Најпрвин вовчето го туркале самите водичи, но на почетокот на XX век туркањето го заменила гасна локомотива.

Воено складиште

За време на Втората светска војна, германската војска ја пренаменила пештерата во складиште, каде се чувале 1.000 буриња авионско гориво. Залихите се уништени во април 1944 г. од словенечките партизани во оган кој беснеел цели седум дена, уништувајќи голем дел од пештерата и зацрнувајќи го влезот.[5][6][7]

По војната

По 1945 г. гасната локомотива е заменета со електрична. За јавноста се отворени 5,3 км од пештерата, што претставува најдолгата јавно достапна пештерска атракција во светот.

Човечка рипка[уреди | уреди извор]

Постојнската Јама е позната како дом на ендемската човечка рипка (Proteus anguinus) — најголемиот пештерски водоземец во светот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шаблон:Cite cecad
  2. Močnik, Blaž. „Nov najdaljši jamski sistem je pod Migovcem“, Delo, d. d., 16 август 2012.
  3. Postojnski jamski sistem“. Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI [Encyclopedia of Natural and Cultural Heritage in Slovenia]. (посет. 14 август 2012 г)
  4. Johann Weichard Valvasor, Die Ehre dess Hertzogthums Crain: das ist, Wahre, gründliche, und recht eigendliche Belegen- und Beschaffenheit dieses Römisch-Keyserlichen herrlichen Erblandes, Laybach 1689; преп. Љубљљана 1984
  5. Clark, Sydney. 1955. All the Best in Europe. New York: Dodd, Mead and Company, стр. 472.
  6. Šerko, Alfred, & Ivan Mishler. 1967. The Postojna Grottoes and the Other Marvels of the Karst. Postojna: Tiskarna Toneta Tomšiča, стр. 21.
  7. Merrill, Christopher. 1999. Only the Nails Remain: Scenes from the Balkan Wars. Lanham, MD: Rowman and Littlefield, стр. 91.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]