Славко Михалиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Златен венец Славко Михалиќ
Slavko Mihalić
Роден/а16 март 1928
Карловац
Починат/а5 февруари 2007
Загреб
Занимањепоет, романсиер, новинар, книжевен критичар
Јазикхрватски
Националностхрватска

Славко Михалиќ (Карловац, 16 март 1928 - Загреб, 5 февруари 2007) — хрватски поет, романсиер, новинар, книжевен критичар и академик.

Животопис[уреди | уреди извор]

Младост и образование[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, гимназија, а матурирал во Карловац. Студирал хрватски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Со пишување се занимавал од својата 14-та година. На загрепскиот Филозофски факулатет го покренал книжевниот месечник „Трибина“ (1952).

Книжевна работа[уреди | уреди извор]

Бил уредник за поезија во издавачкото претпријатие Ликос. Кон крајот на 1950-тите, учествувал во организацијата на поетски фестивал и бил главен уредник на книжевното списание „Књижевна трибина“. Кога весникот престанал да излегува, се приклучил на Друштвото на хрватските писатели, работел за културниот неделник Телеграм како заменик уредник, повеќепати бил избиран за секретар на Друштвото, каде што го основал Мостот, списание за преведување на хрватската книжевност на други јазици, и ги основал Загрепските меѓународни книжевни разговори.

Во 1967 година бил еден од составувачите на <i id="mwIw">Декларацијата за името и положбата на хрватскиот книжевен јазик</i>. Според Михалиќ, бил вршен притисок текстот на Декларацијата да не се печати во Телеграма, а подоцна биле прогонувани сите оние кои не сакале да се откажат од документот. „Морав да ја напуштам Телеграма, ја изгубив работата, а потоа во 1971 година обновени биле сите напади. Секоја година на 16 март под име на неговиот роденден всушност се прославувала Декларацијата во Книжевното друштво.[1]

Во тешките 1970-ти најмногу преведувал, особено од словенечки, за што ја добил и Жупанчичевата повелба. Станал секретар на библиотеката Пет века хрватска книжевност.

Од 1983 година е придружен член, а од 1991 година редовен член на Хрватската академија на науките и уметностите.[2] Од 1995 година е дописен член на Словенечката академија на науките и уметностите. Во 1987 година станал главен и одговорен уредник на книжевниот месечник на Катедрата за книжевност на Форумот на академијата, а од 2000 година бил претседател на Друштвото на хрватските писатели.

Неговите стихозбирки се објавени ширум светот на повеќе од 20 јазици.

Преведувал и песни од македонски на хрватски, превел дел од песните на Константин Миладинов.

Творештво (до 2005 година)[уреди | уреди извор]

  • Камерна музика, Загреб 1954 година
  • Патот до непостоењето, Загреб 1956 година
  • Почеток на заборавот, Загреб 1957 година
  • Дарежливо прогонство, Загреб 1958 година
  • Годишни времиња, Загреб 1961 година
  • Љубов за стварна земја, Загреб 1964 година
  • Прогонета балада, Крушевац, 1965 година
  • Езеро, Белград 1966 година
  • Избрани песни, Загреб 1966 година
  • Тајната вечера, Загреб 1969 година
  • Градината на црните јаболка, Загреб 1972 година
  • Орфејевото завештание, Загреб 1974 година
  • Гостилница на аголот, Трст-Копер 1974 година
  • Петрица Керемпух, во стари и нови приказни, Загреб 1975 година
  • Стапица за сеќавањата, Загреб 1977 година
  • Избрани песни, во: Пет столетија на хрватската книжевност, кн. 164, Загреб 1980 година
  • Пофалба на празниот џеб, Загреб 1981 година
  • Атлантида, Белград 1982 година
  • Тивки клади, Загреб 1985 година
  • Исчекор, Загреб 1987 година
  • Избрани песни, Загреб 1988 година
  • Волшебната кочија на Моцарт, Загреб 1990 година
  • Испитување на тишината, Загреб 1990 година
  • Заводничка шума, Загреб 1992 година
  • Сомотна жена, Загреб 1993 година
  • Карловачки диптих, Карловац 1995 година
  • Приближување на луњата, Загреб 1996 година
  • Пандорината кутија, Загреб 1997 година
  • Собрани песни, Загреб 1998 година
  • Акордеон, Загреб 2000 година
  • Мочуриште, Загреб 2004 година
  • Тајната вечера, Винковци 2005 година[3]

Книжевни награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • 1957: Награда на Друштвото на писателите на Хрватска, за стихозбирката Пат во непостоење
  • 1962: Награда на градот Загреб, за стихозбирката Годишни времиња
  • 1967: Награда на Матица хрватска, за книгата Избрани песни
  • 1970: Награда на градот Загреб, за стихозбирката „Тајната вечера“
  • 1976: Награда „Ивана Брлиќ Мажураниќ“ за книгата раскази Петрица Керемпух.
  • 1982: Награда Тин Ујевиќ, за книгата песни Пофалба на празниот џеб
  • 1985: Змајова награда, за книгата песни Тивки клади
  • 1986: Награда на Фондот Мирослав Крлежа, за најдобро поетско дело во периодот 1984-1987 година, за книгата песни Тивки клади.
  • 1990: Горанов венец, за стихозбирката Испитување на тишината
  • 1992: Годишна награда Владимир Назор, за стихозбирката во проза Заводничка шума
  • 1996: Награда Владимир Назор, за животно дело
  • 1997: Повелба на Високи жолти жита, за траен придонес во хрватската книжевност
  • 1998: Награда Иван Горан Ковачиќ, за книгата песни Пандорината кутија
  • 1999: Плакета Добројутро, море, за траен придонес во хрватската книжевност
  • 2000: Награда Маслинов венец
  • 2000: Награда Виленица на Друштвото на писателите на Словенија
  • 2002: Награда Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Струга, Македонија

Чествување[уреди | уреди извор]

  • Спомен-соба на Стјепан и Славко Михалиќ била отворена во 2007 година како дел од градската библиотека во Карловац, Иван Горан Ковачиќ, а содржи книжевно наследство и лични работи на двајцата писатели. [4]
  • Мурал на Славко Михалиќ во Карловац, изработен од Леонард Лесиќ и Далибор Јурас во 2020 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Deklaracija o nazivu i položaju hrvatskog književnog jezika, Građa za povijest Deklaracije, Matica Hrvatska, Zagreb, 1997., ISBN 953-150-102-5, Sineva Pasini, Vjesnik, 14. ožujka 1991., str. 132
  2. http://info.hazu.hr/slavko_mihalic_biografija
  3. Izvor: Leksikon hrvatskih pisaca, Zagreb: Školska knjiga, 2000. i elektronički katalog NSK Zagreb.
  4. Spomen soba Stjepana i Slavka Mihalića, karlovacdanas.com, objavljeno 21. studenoga 2007. (HAW), pristupljeno 19. svibnja 2021.
  5. Karlovac: Muralima uljepšavaju vizuru grada i upoznaju turiste s povijesti i kulturom grada, gradonacelnik.hr, objavljeno 4. lipnja 2020. (IA), pristupljeno 19. svibnja 2021.)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]