Вистан Хју Оден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец Вистан Хју Оден
AudenVanVechten1939.jpg
Оден во 1939 г.
Роден/а 21 февруари 1907
Англија Јорк, Англија
Починат/а 29 септември 1973
Австрија Виена, Австрија
Занимање поет, есеист

Вистан Хју Оден (анг. Wystan Hugh Auden, W.H. Auden; 21 февруари 1907 - 29 септември 1973)) — англо-американски поет, за многумина еден од најголемите во текот на XX век.[1] Неговото творештво е значајно по стилистичките и технички достигнувања, по обработката на моралните и политички прашања, како и по разноликоста на тонот, формата и содржината.[2] [3] Централни теми во неговата поезија се искрената љубов, политиката и државјанството, религијата и моралот, како и односот меѓу човечките суштества и анонимниот, далечен свет на природата. Кон крајот на животот ја добил престижната поетска награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Оден израснува во Бирмингем во добростоечко семејство од средната класа и чита англиска литература на Оксфорд. Неговите први песни, од крајот на 1920-тите и 1930-тите, наизменично се под влијание на мрачните модерни стилови и јасните традиционални и се пишувани со жесток и драматичен тон. Три драми напишани во соработка со Кристофер Ишервуд во 1935-38 ја воспоставуваат неговата репутација на левоориентиран социјален поет и пророк. Во доцниот период од 1930тите сакајќи да ја одбегне оваа репутација, тој заминува за САД. Неговата поезија од 1940тите истражува религиозни и етички теми на понеемотивен начин во однос на првите дела, но сѐ уште комбинира нови форми измислени од самиот Оден со традиционалните форми и стилови. Во 1950тите и 1960тите многу од неговите поеми се фокусираат на начинот на кој зборовите ги откриваат и кријат чувствата и развива особен интерес во пишувањето на оперски либрета, форма која идеално му одговара за да искаже моќни чувства. [4]

Од околу 1927 до 1939 година Оден и Ишервуд одржувале трајно но спорадично сексуално пријателство.[5] Во 1939 година Оден се вљуби во Честер Калман и ја сметал нивната врска како брак; ова заврши во 1941 година, но тие го одржале нивното пријателство и од 1947 до смртта на Оден тие живееле во иста куќа или стан во не-сексуален однос, често соработувајќи на оперски либрета.

Оден е исто така и плоден писател на прозни есеи и рецензии на литературни, политички, психолошки и религиозни теми, поради што неколку пати работи на документарни филмови, поетски драми и многу други уметнички облици. Во текот на неговиот живот Оден се здобива со приматите контроверзен и влијателен. По неговата смрт, неколку негови песни, особено "Погребен Блуз" ("Запрете ги сите часовници") и "1 септември 1939", стануваат особено популарни преку нивното често користење во филмови, преноси и низа популарни медиуми.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Смит, Стен (2004). Придружник од Кембриџ за В.Х. Оден. Cambridge: Cambridge University Press. 
  2. Академија на Американски поети. „В. Х. Оден“. http://www.poets.org/poet.php/prmPID/120. 
  3. Бродски, Јосиф (1986). Помалку од еден: избрани есеи. Њујорк: Farrar, Straus and Giroux. стр. с. 357. 
  4. Фулер, Џон (1998). В. Х. Оден: коментар. Лондон: Faber and Faber. 
  5. Davenport-Hines, Richard (1995). Auden. London: Heinemann. ISBN 0-434-17507-2. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Погледнете ја листата на надворешни врски на веб-страницата на W. H. Auden Society.