Матеја Матевски
![]() | |
---|---|
![]() | |
Шести Претседател на МАНУ | |
На должноста 2001–2004 | |
Претходник | Ѓорѓи Евремов |
Наследник | Цветан Грозданов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 13 март 1929 Истанбул, Турција |
Починал(а) | 6 јуни 2018 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Установа | Филолошки факултет - Скопје |
Професија | поет критичар академик |
Матеја Матевски (Истанбул, 13 март 1929 - Скопје, 6 јуни 2018) — македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радиотелевизија како новинар, уредник на културните и литературните програми, потоа како главен уредник и директор на Телевизија и генерален директор на Радиотелевизија Скопје.
Матевски е член на МАНУ и бил негов претседател во периодот 2001 - 2004 година. Тој починал на 89-годишна возраст.
Животопис[уреди | уреди извор]
Матеја Матевски е роден 13 март 1929 година во Истанбул, Турција во печалбарско семејство. Своето детство го поминал во Гостивар од чија околина потекнувале неговите родители. Во Гостивар завршил основно учлилиште и два класа од училиште, тогаш познато како „Граѓанско училиште“. Неговото школување било прекинато за време на војната, но по завршување на војнта своето школување го продолжил во гимназија во Тетово, а подоцна во гимназија во Скопје. Во 1949 година заминал за Белград каде своето школување го продолжил на Високата новинарско-дипломатска школа. По извесен прекин студиите ги продолжил во Скопје каде дипломирал на Филозовскиот факултет на групата македонски јазик и југословенска литература.
По завршување на студиите тој работел како средношколски проферсор, подоцна се вработил како новинар во Македонската радио телевизија, бил продуцент на литературно културната програма а подоцна станува главен продуцент и директор на Радио телевизија Скопје,исто така ја извршувал функцијата претседател на комисијата за културна реализација, бил уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин”. Како гимназијалец (1951-1958) бил уредник на списаснието “Млада литература”, а потоа повеќе година на “Разгледи”,бил професор по Драмска историја на Драмскиот факултет во Скопје.[1]
Матеја Матевски членувал во многу литературни друштва и различни литературни асоцијации. Тој бил претседател на Асоцијација на писатели на Македонија, претседател на “Струшките денови на поезијата”, ”Рацинови средби”, Македонската литературна фондација, член на Македонската академија на науките и уметностите, и вице прецедател на МПЕН, член на Македонската асоцијација на писатели од 1956, исто така тој бил и дописнички член од Северна Америка на шпански јазик.
Матеја Матевски бил член на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија (од 1986 година).[2]
Матевски починал ноќта на 6 јуни 2018 година на 89-годишна возраст во Скопје.[3]
Дејноста на Mатеја Mатевски[уреди | уреди извор]
Со пишување стихови почнува да се занимава уште во гимназијата. Првата своја песна ја објавува во 1959 година во списанието “Млада литература” , во 1956 година ја објавува својата прва стихозбирка.Некои негови стихозбирки се преведени и на други јазици (“Дождови”). Освен со поезија Матевски се занивама со театарски критики и преводна литература. Преведува претежно од албански , словенечки , српско-хрватски , француски јазик , ги преведе книгите “Приказна за шивачката и ножиците” од Драготин Кете 1961 година , “Очилата на тетка Бајаваја” во 1961 година од Ела Пероци , “Децата на Герника” од Херман Кестен од 1962 година , “Момина солза” од 1962-1965 година од Прежихов Воранц , Иван Минати “Се бега во облаците и со птиците” 1966 година и “Во мрачното стебло” 1970 година од Андре Френо.
Застапен е и во антологиите на Иван В.Лалиќ и Јосип Пупачиќ ”Вратата на времето. Повоените Југословенски поети”(Загреб 1958) , на Зоран Мишиќ “Современа Југословенска поезија” (на француски јазик , Париз , 1959) , На Димитар Митрев “Повоени македонски поети”(Скопје , 1960) , на Танасие Младеновиќ , Новак Симиќ и Драго Шега ”Југословенска лирика”(на полски јазик , Варшава , 1960) , на Александар Спасов , Милан Ѓурчинов и Димитар Солев ”Современа македонска поезија и проза”(на српско-хрватски јазик , Белград , 1961) , на Иван Ивањи ”Млада југословенска лирика”(на германски јазик , Франкфурт на Мајна , 1961-62) , на Димитар Митрев , Фран Петре , Владимир Поповиќ и Шиме Вучетиќ “Понова југословенска поезија”(Загреб , 1962 , 1966) , на група автори на “Светска поезија”(на француски јазик , УНЕСКО , Париз , 1963) , на Александар Спасов “Современа македонска поезија”(на словенечки јазик , Љубљана , 1963) , на Херберт Готшалк ”Современа југословенска лирика”(на германски јазик , Гитерслоу , 1964) , на Аурел Гаврилов и Раду Флора “Современа југословенска поезија”(на романски јазик , Панчево , 1964) , на Јанко Лаврин ”Антологија на современата југословенска поезија”(на англиски јазик , Лондон , 1964) , на Џакомо Скоти ”Антологија на македонската поезија”(на италијански јазик , Сиена , 1965) , на Карољ Ач ”Песна на нашите денови.Антологија на модерната југословенска поезија”(на унгарски јазик , Нови Сад , 1965) , на Лилјана Ацева и Николај Јанков”Балкански писатели.зборник со дела од учесниците во првата средба на балканските писатели”(на бугарски јазик , Софија , 1965) , на Кирил Злобец , Славко Михалиќ и Александар Спасов ”Нова југословенска поезија”(на италијански јазик , Парма , 1966) , на Влатко Павлетиќ ”100 дела од литературите на на југословенските народи”(на српско-хрватски јазик , Загреб , 1966) , на Ирена Венигова и Душан Карпатски ”Снимци на пејзажите на поезијата.Мал избор од југословенските поети од XX век”(на чешки јазик , Прага , 1966) , на Александар Спасов ”Современа македонска поезија”(на српско-хрватски јазик , Белград , 1967) , на Милан Ѓурчинов ”Антологија на македонската поезија”(на Српско-хрватски јазик , Белград , 1968) , на Никола Милечевиќ ”Антологија на свеската љубовна поезија”(на српско-хрватски јазик , Загреб , 1968) , на Илхан Берк ”Светска поезија.Од најстарите времиња до денес”(на турски јазик , Истанбул, 1969) , на Золтан Чука ”Раѓање на зборот.Современи македонски поети”(на унгарски јазик , Будимпешта , 1969),на Неџати Зекерија ”Десет македонски поети”(на турски јазик , Истанбул, 1971) и на Костас Асимапокулос ”Современи југословенски поети.Мала антологија”(на грчки јазик , Атина , 1971).
Делата на Матеја Матевски[уреди | уреди извор]
година жанр име на делото
1956 Поезија “Дождови”
1963 Поезија “Рамноденица”
1976 Поезија “Перуника”
1977 Поезија “Круг”
1980 Поезија “Липа”
1985 Поезија “Раѓање на трагедијата”
1987 критика и есеистика “Од традицијата кон иднината” 1987 театарска критика и есеистика “Драма и театар” 1990 поезија “Оддалечување”
1992 поезија “Црна кула”
1996 поезија “Завевање”
/ критика и есеистика “Светлината на зборот”
1999 поезија “Мртвица”
2000 поезија “Внатрешен предел”
Награди[уреди | уреди извор]
- Матеја Матевски има добиено повеќе награди меѓу кои националните:
- наградата на Друштвото на писателите на Македонија за 1956 година, за стихозбирката „Дождови“,
- наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 1963 година за стихозбирката „Рамноденица“
- највисоката национална награда „11 Октомври“ за 1963 година
- наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 1981 година за стихозбирката „Липа“
- наградата на Друштвото на писателите на Македонија за 2001 година
- награда „Кочо Рацин“
- наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2011 година
- Академик Матеја Матевски ја доби престижната меѓународна награда за поетски опус на Академијата „Мајкл Мадхуседан“ од Калкута - Индија. Наградата, како и Академијата го носи името на индискиот поет од 19 век кој пишувал на бенгалски и на англиски јазик, а се доделува 28 години за достигнувањата во областа на литературата, уметноста, науката и филантропијата.
Наградата, дипломата и златниот медал, на лауреатот му биле врачени во Калкута. Академик Матевски е поранешен добитник на уште едно индиско признание кое му било доделено по повод 40 години од смртта на нобеловецот Рабиндранат Тагоре.
- Академик Матеја Матевски е единствениот добитник на највисокото признание за литература „Премио медитерано пер литература 2005“. Награда секоја година ја доделува Медитеранската академија со седиште во Неапол - Италија која со своите активности ги поврзува земјите од Средоземјето. Ова високо признание го добиваат личности и институции за нивните особени заслуги во политичката и општествената активност и уметничкото и научно творештво. Добитници на наградата во другите области се: Претседателот на Владата на Турција- Реџеп Ердоган и министерот за надворешни работи на Шпанија- Мигел Анфел Моратинос. "Премио медитерано..." им беше доделена и постхумно на палестинскиот водач Јасер Арафат и шпанскиот писател Мануел Васкес Монталбан. Во Неапол беше претставено и италијанското издание на романот "Времето на козите" на академик Луан Старова. Доделувањето на наградата и промоцијата на романот беа дел од активностите посветени на медитеранската култура и уметност, превземени од Галаксија Гутенберг и Културниот центар и саем во Неапол.
Литература[уреди | уреди извор]
1. Стихозбирка “Рамноденица”
2. Стихозбирка “Дождови”
3. Утрински весник (Брoj 2253 четврток, 07 декември 2006) http://www.utrinskivesnik.com.mk/defaultmk.asp?ItemID=186EAB8A0B53394A9CE11A78D0CAA782&arc=1
4. ДневенпечатВест( Година:5 Број:1282 Четврток 10/7/2004)http://www.vest.com.mk/default.asp?id=92789&rubrika=Kultura&idg=5&idb=1404
5. ДневенпечатВест( Година:5 Број:1404 Петок 3/4/2005) http://www.vest.com.mk/default.asp?id=84912&rubrika=Kultura&idg=5&idb=1282
6. http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=eng&id=135
7. http://www.e-books.com.mk/01poetry/matevski/hu/bio.asp?lang=mac
8. http://www.kultura-struga.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=75
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 155.
- ↑ Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 18/1986, 1 стр.
- ↑ М., Н.. „[novamakedonija.com.mk/makedonija/почина-академик-матеја-матевски/ Почина академик Матеја Матевски]“. Нова Македонија. 7 јуни 2018
|
|
|
|
- Родени во 1929 година
- Луѓе од Истанбул
- Починати во 2018 година
- Починати во Скопје
- Македонски поети
- Македонски книжевни критичари
- Македонски есеисти
- Македонски театарски критичари
- Македонски преведувачи
- Носители на Легијата на честа
- Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата
- Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“
- Добитници на Орденот за заслуги за Македонија
- Претседатели на МАНУ
- Луѓе од Гостивар
- Членови на Европската академија на науките и уметностите