Џон Констабл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Автопортрет на Џон Констабл (1806)

Џон Констабл (анг. John Constable; 11 јуни 177631 март 1837) бил англиски уметник од времето на Романтизмот. Роден е во Источен Берголт, село крај реката Стуар во Сафолк, Англија. Татко му бил богат трговец со пченка и Констабл работел кај татко му по завршувањето на училиштето. Меѓутоа наскро сфатил дека не му лежи тој занает и отишол да студира во Лондон. Ја изложил својата прва слика во 1802 год.

Констабл е познат по своите пејзажи, иако за врем на неговиот живот продал само 20 слики и не бил избран за член на Кралската Академија сè до 52 годишна возраст, само 8 години пред неговата смрт. Во тоа време, неговите дела биле повеќе ценети во Франција, а неговото дело „Кола сено“ било изложено во парискиот салон во 1824 год.

Областа Дедемска Долина во Сафолк е позната како „Констаблов крај“. Поглед на Флетфордската воденица, е предмет на една од неговите слики, „Кола сено“. Таа била во сопственост на неговиот татко, богат мелничар. Блиската колиба Бриџ е во сопственост на Националниот фонд.

Констабл бил заљубен во Марија Бикнел, локална девојка чиј татко, кој бил адвокат кој се познавал со кралот и кој не го сметал Констабл за достоен на неговата ќерка. По пет години, тој конечно дал дозвола за брак во 1816 год. По раѓањето на седум деца, Марија умрела од туберкулоза во 1829, настан кој влијаел погубно на нејзиниот сопруг.

Констабл извршил влијание врз францускиот уметник Ежен Делакроа и Барбизонската школа, кои и почнале да скицираат на отворено како него. Француските импресионисти исто така ги темелеле своите техники за фаќање на разни светлини на него.

Дела[уреди]

Галерија[уреди]