Новалис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Новалис
Franz Gareis - Novalis.jpg
Портрет направен од Франц Гарејс
Роден/аГеорг Филип Фридрих Фрајхер фон Харденберг
2 мај 1772(1772-05-02)
Видерсштед, Саксонија
Починат/а25 март 1801(1801-03-25) (воз. 28 г.)
Вајсенфелс, Саксонија
ПсевдонимНовалис
НационалностГерманец
УниверзитетУниверзитет на Јена
Универзитет во Лајпциг
Универзитет во Витенберг
Книжевно движењеЈенски роматизам[1]

Новалис (германски: Novalis) е псевдоним на Георг Филип Фридрих Фрајхер фон Харденберг (Georg Philipp Friedrich Freiherr von Hardenberg, 1772 - 1801), еден од најважните германски писатели и филозофи на раниот романтизам . Припаѓал на кругот на „романтичарите од Јена“.

Тој ги засновал своите филозофски концепти на „религијата на љубовта“ и „магичниот идеализам“ врз мислата на Јохан Фихте . Тој ги поврзувал уметноста и религијата и тврдел дека целта е да се направи видлива апсолутна интуиција. Новалис велел дека задачата на човештвото е „да ја едуцира Земјата“. Ова ќе донесе човештвото да влезе во новото златно доба на хармонијата помеѓу човекот и природата.

Работи[уреди | уреди извор]

„Хајнрих од Офтединген“ останал нецелосен и бил објавен по неговата смрт, но станала парадигма на романтичното движење. Синиот цвет спомнат во него, исто така, станал симбол. Овој роман припаѓа на жанрот на „билдунгс романи“.

Поетските дела на Новалис се: „Химните на ноќта“, „Фрагменти“ и „Духовни песн“. Шесте хинали на Новалис (објавени во 1800) содржат автобиографски елементи. Нивната тема е нивното романтично толкување на единството на животот и смртта, каде што ноќта ја претставува границата меѓу нив. „Фрагменти“ е напишан помеѓу 1795 и 1800 година. Тоа е колекција на мисли, афоризми и кратки коментари за филозофијата, естетиката и литературата. „Духовни песни“ се интимна и ритмичка поезија наменета за пеење. Во нив, Христос се појавува како симбол на единството на поезијата и религијата.

Во есејот „Христијанство или Европа“ Новалис изразува романтична носталгија за времињата кога средновековната Европа била обединета во христијанството. Тој е противник на просветителството и Француската револуција, за која тврди дека ја уништила европската духовност.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ameriks, Karl (ed.). The Cambridge Companion to German Idealism. Cambridge: Cambridge University Press, 2000
  • Arena, Leonardo Vittorio, La filosofia di Novalis, Milano: Franco Angeli, 1987 (in Italian)
  • Behler, Ernst. German Romantic Literary Theory. Cambridge: Cambridge University Press, 1993
  • Beiser, Frederick. German Idealism. Cambridge: Harvard University Press, 2002
  • Berman, Antoine. L'épreuve de l'étranger. Culture et traduction dans l'Allemagne romantique: Herder, Goethe, Schlegel, Novalis, Humboldt, Schleiermacher, Hölderlin., Paris, Gallimard, Essais, 1984. (in French)
  • Fitzgerald, Penelope. The Blue Flower. Mariner Books, 1995. A novelization of Novalis' early life.
  • Haywood, Bruce. Novalis, the veil of imagery; a study of the poetic works of Friedrich von Hardenberg, 1772–1801, 's-Gravenhage, Mouton, 1959; Cambridge, Mass.: Harvard University Press, 1959.
  • Krell, David Farrell. Contagion. Bloomington: Indiana University Press, 1998.
  • Kuzniar, Alice. Delayed Endings. Georgia: University of Georgia Press, 1987.
  • Lacoue-Labarthe, Phillipe and Jean-Luc Nancy. The Literary Absolute. Albany: State University of New York Press, 1988.
  • Molnár, Geza von. Novalis' "Fichte Studies".
  • O’Brien, William Arctander. Novalis: Signs of Revolution. Durham: Duke University Press, 1995.
  • Pfefferkorn, Kristin. Novalis: A Romantic's Theory of Language and Poetry. New Haven: Yale University Press, 1988.
  • Prokofieff, Sergei O. Eternal Individuality. Towards a Karmic Biography of Novalis. Temple Lodge Publishing, London 1992.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Joel Faflak, Julia M. Wright (eds.), A Handbook of Romanticism Studies, John Wiley & Sons, 2016, p. 334.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]