Александар Сергеевич Пушкин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александар Пушкин од Орест Кипренски.

Александар Сергеевич Пушкин (рус. Александр Сергеевич Пушкин , 6 јуни 179910 февруари 1837) бил руски романтичарски автор кој многу луѓе го сметаат за најголемиот руски поет и основачот на модерната руска литература. Пушкин бил првиот кој го употребувал разговорниот јазик во неговите поеми и претстави, создавајќи притоа стил на раскажување помешано со драма , романтика и сатира. Тоа раскажување отсекогаш било асоцирано со руската литература и имало големо влијание на руските автори.

Живот[уреди]

Таткото на Пушкин потекнувал од разделена фамилија на руското благородништво чиишто предци биле уште од 12 век, додека прадедото на неговата мајка бил Ибрахим Петрович Ханибал, Етиопјанец кој бил заробен од Турците како дете. Како и да е, помалку популарната теорија претпоставува дека Ханибал може да потекнувал од антички султанат во близина или околу денешната држава Чад. Тој бил донесен во Русија и станал голем воен лидер, инженер и благородник под покровителството на неговиот очув Петар Велики.

Роден во Москва, Пушкин ја објавува својата прва поема на петнаесет години. За времето кога тој завршил како дел од првиот дипломиран клас на престижниот Царскоселски ликеј во Царское Село во близина на Санкт Петерсбург, руската литературна сцена го признала широко неговиот талент. По завршувањето на училиштето, Пушкин се впуштил во динамичниот културен живот на главниот град на руската култура Санкт Петерсбург. Во 1820 тој ја издал својата прва подолга поема, Руслан и Људмила, која предизвикала многу контроверзи за нејзиниот предмет и стил.

Пушкиниот автопортрет на монета од рубља, 1999.

Пушкин постепено постанал приврзан за општествената реформа и станал гласноговорник за литературните радикали. Ова ја налутило владата и довело до негов трансфер од главниот град. Тој најпрво отишол во Кишинев во 1820, каде постанал масон. Таму тој се придружил на Филики Етерија, тајна организација чија намера била да ја отфрли отоманската власт над Грција и да востанови независна грчка држава. Тој бил инспириран од Грчката револуција и кога завршила војната против Отоманците, тој зачувал дневник со настаните на големото народно востание. Останал во Кишинев до 1823 и по едно летно патување до Кавказ и до Крим напишал две романтичарски поеми кои му донеле поширока слава - Заробеникот од Кавказ и Фонтаната на Бахчисарај. Во 1823, Пушкин се преселил во Одеса, каде повторно се судрил со владата, која го испратила во прогонство на имотот на неговата мајка во северна Русија од 1824 до 1826. Како и да е, некои од властите му дозволиле да го посети царот Николај I за петиција за неговото ослободување, на кое тој се противел. Но некои од учесниците во Декабристичкото востание (1825) во Санкт Петербург зачувале некои од неговите рани политички поеми меѓу нивните документи, и наскоро Пушкин се нашол под строга контрола на владините цензори и не бил во можност да патува или издава по желба. Додека бил на имотот на мајка си, тој ја напишал неговата најпозната претстава, драмата Борис Годунов, но не добил дозвола да ја издаде, сè до пет години подоцна.

Куќа на Пушкин во Москва.

Во 1831, за време на зенитот на порастот на пушкиновиот талент и влијание, тој го сретнал Николај Гогољ. Двајцата станале добри пријатели и се поддржувале меѓусебно. Пушкин ќе биде доста под влијане на гогољовите комични приказни на полето на прозата. По прочитувањето на 2 том од изданието од 1831 на кратките приказни Попладневни часови на фармата близу Диканка, Пушкин ќе го поддржи Гогољ критички и подоцна, во 1836, по стартувањето на неговото списание Современиот, ќе даде свој прилог на некои од најпознатите приказни на Гогољ. Подоцна, Пушкин и неговата сопруга Наталија Гончарова, со која се оженил во 1831, постанале регулатори на дворското општество. Кога царот му ја доделил на Пушкин најниската дворска титула, поетот станал бесен: почувствувал дека ова не се случило само поради неговата жена која сакала да ги посетува баловите во дворците (а имала и многу обожувачи, вклучувајќи го и самиот цар), туку и поради тоа дека тие сакале да го понижуваат. Во 1837, потпаѓајќи во сè поголемо и поголемо сомневање во гласините кои велеле дека неговата жена започнала скандалозна афера, Пушкин го предизвикал наводниот љубовник на неговата жена, Жорж д'Анте, на двобој кој ги оставил повердени и двајцата, но Пушкин смртно. Тој починал два дена подоцна.

Владата се плашела од политичка демонстрација на неговиот погреб и затоа осигурала помала локација за неговото одвивање, со што тој бил отворен само за неговите најблиски роднини и пријатели. Неговото тело било кремирано тајно на полноќ и било закопано на имотот на неговата мајка.

За творештвото[уреди]

Во дните кога в мир јас втонат

расцветував во тој Лицеј; не го читав јас Цицерона, го читав многу Апулеј.
„Евгениј Онегин“, глава осма, I

Кај нас сè започнува од Пушкин“ - се зборови на Достоевски, изговорени во слава на најголемиот руски поет, во 1880 година. Пушкин за првпат се почувствувал како поет во Лицејот. Тоа чувство било полно со ентузијазам и лирска енергија. Во 1814 година, Пушкин ја печати првата песна „На другарот стихотворец“, а наредната година по препорака на професорот Галич ја пишува песната-химна „Спомени од царското село“. Таа претставува негов прв поголем официјален литературен успех. Ја читал на главниот испит во Лицејот на кој присуствувл и Державин, кој бил воодушевен од поетскиот талент на Пушкин. Неговиот талент ги привлекло и тогашните руски водечки поети, Батјушков и Жуковски, како и Карамазин, кои доаѓаат во Лицејот лично да се запознаат со чудесно талентираниот поет.[1]

Подоцнежните песни инспирирани од кавкаско-кримскиот пејсаж се разликуваат од песните пишувани во Лицејот. Дојден на Кавказ и Крим од зачадените и парфимирани салони наПетроград, Пушкин ќе почувствува дека природата ги ослободува неговите поетски сили. На патот за Кавказ, тој се заразува со поезијата на Бајрон, која ќе му изврши силно влијание. Поемата „Цигани“ ја започнува на југ, но ја довршува во октомври 1824 година во Михаиловско. Според некои одлики, оваа поема е пишувана во духот на Бајроновите поеми.

Михаиловско е пресудно за творечките интересирања на Пушкин, на прво место интересот за фолклорот и историјата. Со нескриено љубопитство Пушкин ги проучувал пазарите, имотите и црквите, ги бележел гатанките, поговорките, бајките. Голем дел од ова го запишал од кажувањата на неговата дадилка, Арина Радионовна. Во едно писмо до својот брат, тој пишал:

Навечер слушам бајки - и со тоа го надополнувам недостатокот од моето проклето образование. Каква убавина се тие бајки! Секоја од нив е поема![2]

Борис Годунов“ е нова етапа во творештвото на Пушкин: во неа нема ни трага од романтизмот.

Критиката ги смета многу од неговите дела за ремек-дела, како што е поемата Бронзениот коњаник и драмата Камениот гостин, приказна за падот на Дон Жуан. Неговата поетична кратка драма Моцарт и Салиери била инспирација за Амадеус на Питер Шефер. Самиот Пушкин ја преферирал неговата новела во стихови Евгениј Онегин, која ја напишал по елементи на неговиот живот и која, почнувајќи ја традицијата на големите руски новели, има неколку главни ликови, но многу варира во тонот и фокусот. "Онегин" е дело со таква комплексност што, иако долго само околу стотина страници, на преведувачот Владимир Набоков му требале четири тома материјал за да целосно го разбере неговото значење на англиски.

Сказните на Пушкин[уреди]

Сказните на Пушкин не се најглавен, но не се ни спореден дел од неговото творештво. И во сказните тој ги поларизира односите, ги контрастира човечките психологии и карактери, и на свој индивидуален начин ги покажува вечните опозиции: добро-зло, убаво-грдо.

Пушкин мајсторски раскажува во стих, и тоа е една особеност која се појавува во целото негово творештво, а не само во сказните. Мотивски тој се потпира врз руското фолклорно творештво, врз легендите и преданијата, но и врз сопствената имагинација и сопственото чувствување на јазикот.

Во својата „Сказна за рибарот и рипката“ на алегориски начин и со потсмев ќе проговори за алчноста на луѓето, за онаа безмерна алчност на бабата, која станала болјарка, дури и царица, посакувајќи и златната волшебна рипка да ѝ биде слугинка, иако токму рипката со својата со својата волшебна моќ ја пресоздава од сиромашна рибарка во царица.

Листа на дела[уреди]

Поезија[уреди]

Поеми[уреди]

Драми[уреди]

Проза[уреди]

Сказни[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том I, стр. 10.
  2. Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том I, стр. 22.