Руска книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Руска литература)
Прејди на: содржини, барај
Александар Сергеевич Пушкин (1799–1837), најголемиот руски поет и основач на модерната руска литература. Автор е на Руслан и Лудмила и Евгени Онегин.
Фјодор Михајлович Достоевски (1821–1881), писател, еден од најголемите психолози вбо светската јавност.[1] Автор на Злосторство и казна и Браќа Карамазови.

Руската литература се смета за една од највлијателните и најразвиените во светот, која ги дала едни од најпознатите светски книжевни дела.[2] Руската литературна историја започнува во текот на 10 век. На пример, во својата новела од 1903 година, „Тонио Крегер“, германскиот писател Томас Ман вели дека руската книжевност е достојна за обожување, зашто ја прикажува светата книжевност.[3]

Во текот на 18 век, за развој на руската книжевност најмногу придонесле Михаил Василевич Ломоносов и Денис Фонвизин. Но, можеби, најголемиот расцвет, руската литература го доживеала во текот на 19 век, кога биле создадени најголемите руски литературни дела. Овој век е познат како „Златен век на руската литература“. Тој започнал со Александар Сергеевич Пушкин, кој се смета за основач на модерната руска литература и често се нарекува „Рускиот Шекспир“.[4] Златниот век на руската литература продолжил во текот на 19 век, со делата на Михаил Јурјевич и Алексеј Некрасов, Александар Островски, Антон Павлович Чехов, Николај Васиљевич Гогољ, Иван Тургенев, Михаил Лермонтов, Лав Николаевич Толстој, Фјодор Михајлович Достоевски, Иван Александрович Гончаров, Алексеј Феофилактович Писемски, Николај Семјонович Лешков и други. Толстој и Достоевски, од гледна точка на книжевните критичари, се определени како најголемите писатели на векот.[5] [6]

Кон крајот на 19 век, руската литература започнала да се менува: Кратката проза и поезијата станале доминантни жанрови во следните неколку децении. Овој период од историјата на руската литература е познат и како „Сребрен век на руската поезија“. За разлика од претходниот период, каде реализмот бил главна карактеристика, во периодот од 1893 до 1913 година, руската книжевност паднала под силно влијание на симболиката. Најпознати писатели од тој период се: Валериј Брусов, Андреј Бели, Вјачеслав Иванов, Александар Блок, Николај Гумилев, Дмитриј Мерезковски, Фјодор Сологуб, Ана Ахматова, Осип Мандељштам, Марина Цветаева, Леонид Андреев, Сергеј Есенин, Иван Бунин и Максим Горки.

По руската револуција од 1917 година, рускиот културен живот во голем степен се променил. Некои истакнати и познати писатели од тој период, како Иван Бунин и Владимир Набоков ја напуштиле земјата, додека пак новата генерација на млади талентирани писатели се приклучиле кон различни организации, со цел создавање на една нова културна книжевност, проследена со новиот режим во склопот на Советскиот Сојуз. Во текот на 1920-тите, писателите уживале широка толеранција. Во 1930-тите, објавувањето на новите литературни дела било затегнато со оглед на доаѓањето на власт на Јосиф Сталин и неговиот режим. Голем број писатели биле затварани и прогонувани во тој период, а по неговата смрт, во 1960-тите и во 1970-тите започнал процесот на рехабилитација на писателите кои биле забранети за време на Сталиновиот режим. Најпознатите писатели по Октомвриската револуција се: Евгениј Земјатин, Исак Бабел, Владимир Мајаковски, Илja Петров, Јуриј Олеша, Михаил Булгаков, Борис Пастернак, Михаил Шолохов, Александар Солженицин, Андреј Вознесенски и други.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. name="BritannicaRussianLit">„Russian literature“. Encyclopedia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/513793/Russian-literature. конс. 11 април 2008 г. „Dostoyevsky, who is generally regarded as one of the supreme psychologists in world literature, sought to demonstrate the compatibility of Christianity with the deepest truths of the psyche.“ 
  2. Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007.
  3. Tomas Man, Tonio Kreger – Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 29.
  4. Kelly, C (2001). Russian Literature: A Very Short Introduction (Very Short Introductions) (Paperback). Oxford Paperbacks. ISBN 0192801449. 
  5. „Russian literature; Leo Tolstoy“. Encyclopedia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/513793/Russian-literature. конс. 11 април 2008 г. 
  6. Otto Friedrich. „Freaking-Out with Fyodor“. Time Magazine. http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,943893,00.html?promoid=googlep. конс. 10 април 2008 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]