Караѓорѓе Петровиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Караѓорѓе Петровиќ
Đorđe Petrović Karađorđe
Вожд на Србија
[[File:Karađorđe Petrović, by Vladimir Borovikovsky, 1816 (crop).jpg|frameless|alt=]]
Владеење 14 февруари 1804 – 21 септември 1813
Претходник Прво српско востание
нема
Наследник Второ српско востание
Милош Обреновиќ
Придружник Јелена Јовановиќ
Деца Александар Караѓорѓевиќ
Династија Династија Караѓорѓевиќи
Верска определба Православие

Караѓорге Петровиќ (српски: Ђорђе Петровић, Карађорђе или Đorđe Petrović, Karađorđe) бил српски вожд и основоположник на Династија Караѓорѓевиќи од Србија.

Најверојатно бил роден на 16 ноември 1762 година во Вишевац, денешна Србија. Тој бил водач на Првото српско востание, кое било насочено против Отоманската Империја. Во 1814 година во Букурешт бил потпишан договор според кој на српскиот народ требало да му се даде автономија. Но, договорот никогаш не бил спроведен на дело. Така, во 1813 година, востанието било задушено и повторно била воспоставена целосна османлиска власт.

Оваа востание претходело на т.н. Второ српско востание кое избувнало во 1815 година, кое придонело до создавање на модерна Србија. Во 1817 година, од соседната Австро-Унгарија Караѓорѓе дошол во Србија, каде се сретнал со Милош Обреновиќ и се договориле заедно да дејствуваат. Сепак, кнезот Милош не си го зачувал зборот, па наредил тој да биде убиен во ноќта помеѓу 13 и 14 јули 1817 година во селото Радоване, Смедеревско. Така, по создавањето на државата започнало и ривлаството помеѓу двата српски востаници околу тоа кој да го зазеде српскиот престол.

Караѓорѓе како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Посветувањето на Црниот Ѓорѓе“ (Посвећивање Црнога Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.[1]
  • „Црниот Ѓорѓе“ (Црни Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.[2]
  • „Смртта на Црниот Ѓорѓе“ (Смрт Црнога Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 116.
  2. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 117.
  3. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 120.