Дон Жуан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дон Жуан со неговиот меч во претставата Дон Џовани, од Моцарт

Дон Жуан (или Дон Џовани/Дон Хуан) е легендарен заводник, фиктивен лик чија приказна е раскажувана голем број пати од многу различни автори. Првата пишана верзија за легендата на Дон Жуан е El burlador de Sevilla y convidado de piedra (Измамникот од Севиља и гробниот камен), претстава од Тирсо де Молина, издадена во Шпанија околу 1630, чие дејство е поставено во 14 век. Другото поголемо дело во шпанската литература за овој лик е Дон Жуан Тенорио, драма напишана во 1844 од Хосе Зорила.

Името често се користи фигуративно, како синоним за "женскар", особено во шпанскиот јазик.

Легендата за Дон Жуан[уреди | уреди извор]

Во легендата, Дон Жуан е слободен развратник кој ужива во заведувањето и (во повеќето верзии) борба со нивните шампиони/свршеници. Главното дејство во легендата се одвива околу силувањето или заведувањето на млада девојка од благородничко семејство и убивањето на нејзиниот татко. Подоцна, тој ја среќава статуата на нејзиниот татко на гробишта и ѓаволски ја поканува на вечера, на што статуата ја прифаќа поканата. Духот на таткото пристигнува за вечерата и го поканува Дон Жуан да вечера со него на гробиштата. Дон Жуан прифаќа и оди на гробот каде статуата бара да се ракува со него. Кога Дон Жуан ја подава својата рака, статуата го грабнува и го одвлекува во Пеколот.[1]

Карактер[уреди | уреди извор]

Повеќето експерти тврдат дека првата забележана приказна за Дон Жуан е El burlador de Sevilla y convidado de piedra (Измамникот од Севиља и гробниот камен) од Тирсо де Молина. Нејзината публикација варира меѓу 1620 и 1625, зависно од изворите, иако во Шпанија се појавува порано, во 1615. Дон Жуан е женскар кој ги заведува жените или преку маскирање како нивните љубовници или преку ветување брак. Тој зад себе остава трага од скршени срца, лути сопрузи и навредени татковци; сè додека не убива извесен Дон Гонсало. Подоцна, откако е повикан од духот на Дон Гонсало за вечера во катедралата, Дон Жуан ја прифаќа понудата, не сакајќи да се покаже како кукавица, што доведува до неговиот крај.

Зависно од различните толкувања на легендата, карактерот на Дон Жуан се гледа преку една од вие две перспективи: едноставен, страсен женскар и суров заведувач кој добива секс кога ќе може, или како маж кој навистина се вљубува во секоја жена која ќе ја заведе, со дарбата да ја види вистинската убавина и уникатноста на секоја жена. Раните верзии на легендата секогаш го портретираат во според второто гледиште.

Друга литература за Дон Жуан[уреди | уреди извор]

Ilya Repin «Don Juan and Doña Ana»

Изговор[уреди | уреди извор]

Според шпанскиот јазик, Дон Жуан е Дон Хуан. Во нашиот и во повеќе други јазици ликот е познат само како Дон Жуан.

Дон Жуан како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Дон Жуан се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Legend of Don Juan Архивирано на 5 јули 2007 г., Театарски уметности при Инстутутот за технологија во Калифорнија, САД.
  2. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 97.
  3. http://es.wikipedia.org/wiki/Antonio_de_Zamora
  4. Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 30-44.
  5. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 16.
  6. http://www.lostdiaryofdonjuan.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]