Херсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Херсон
Херсон
град од обласно значење
Херсон-коллаж1.jpg
Знаме на Херсон
Знаме
Грб на Херсон
Грб
Земја Украина
ОбластХерсонска област Херсонска
Градски реониДнепровски
Суворовски
Комсомолски
Основан18 јуни 1778
Управа
 • ГрадоначалникВолодимир Миколаенко (независен)[1]
Површина
 • Вкупна135,7 км2 (524 ми2)
Надм. вис.&1000000000000046600000046,6 м
Население (2015)
 • Вкупно294.941
 • Густина2.200/км2 (6,000/ми2)
Пошт. бр.73000
Повик. бр.+380 552
Мреж. местоcity.kherson.ua

Херсон (украински: Херсо́н) — град во јужна Украина, седиште на Херсонската област. Значаен е како пристаниште на Црното Море и реката Днепар и има мошне развиена бродоградба. Населението изнесува 294.941 жители (2015)[2]. Сместен е на високиот десен брег на реката Днепар

Од припојувањето на Крим кон Русија во 2014 г., во Херсон е воспоставена канцеларијата на претседателскиот претставник на Украина во Крим.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Катерина“

Сè до 1774 г. подрачјето било во состав на Кримското Ханство.

Херсон е основан во 1778 г. од кнезот Григориј Потемкин по налог на царицата Катерина Велика. Градот е изграден под раководство на генералот Иван Ганибал на место на малата тврдина Александершанц. Наречен е по старогрчката колонија Херсон Тавриски, основана во VI век п.н.е. во југозападен Крим. Едно од првите зданија во утврдувањето бил соборниот храм „Св. Катерина“ каде подоцна е е погребан кнезот Потемкин. Кај Херсон е уловен последниот тарпан во 1866 г.

Кон средината на XIX век во Херсон се доселило многубројно еврејско население[4] кое веднаш станало рамнобројно на украинското со дури 41,4 % од градот[5]. До 1939 г. истото се намалило на 16,6 %[6], а денес изнесува само 0,5 %[7].

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Градскиот дом, денес ликовен музеј.

Градот се состои од три реони.

  • Суворовски — стариот дел од градот, наречен по рускиот генерал Александар Суворов. Ги опфаќа микрореоните: Тавријскиј, Пивничниј и Млини.
  • Днепарски — наречен по реката Днепар. Ги опфаќа микрореоните: ХБК, Текстиљниј, Склотара, Слобидка, Военка, Схидниј.
  • Корабељни — наречен по бродоградбата. Ги опфаќа микрореоните: Шуменски, Корабел, Забалка, Сухарне, Житоселишче, Селишче — 4, Селишче — 5.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Покрај морското и речното пристаниште, Херсон е поврзан со државната железничка мрежа, со секојдневни брзи возови до Киев, Лавов и други градови. Има и помал меѓународен аеродром.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Во градот има 77 образовни установи, од кои 15 отпаѓаат на вишо и високо образование. Меѓу нив знајзначајни се:

  • Херсонски државен универзитет
  • Државен земјоделски универзитет
  • Државен технички универзитет
  • Меѓународен универзитет за бизнис и право

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Црква „Св. Катерина“ — изградена во 1780-тите, по нацрт на Иван Старов; има гробница на кнезот Потемкин.
  • Еврејски гробишта
  • Херсонска телевизиска кула — позната градба во градот.
  • Аџиголски светилник — хиперболоидна градба на Владимир Шухов, 1911 г.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]