Черновечката Област (украински: Чернівецька област) — една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во западниот дел на земјата. Tаа е дел од историската област Буковина. Граничи со Ивано-Франковската, Хмелничката и Тернополската област. На југ, Черновечката Област граничи со Романија и Молдавија. Опфаќа површина од 8 097 км2. Во областа има 398 села и 11 градови.
Според пописот на населението во 2001 година, во Черновечката Област живеат најмногу Украинци (75%), а останатите се Романци (12,5%), Молдавци (7,3%) и Руси (4,1%).