Харковска Област (украински: Харківська область, руски: Харьковськая область; исто така се нарекува и Харковшчина - украински: Харківщина) е област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Харков.
Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Харковската Област го сочинуваат Украинците (70,7%), а остатокот го сочинуваат Руси (25,6%), Евреи, Белоруси, Ерменци и други.