Луганска Област (украински: Луганська область; исто така се нарекува и Луганшчина - украински: Луганщина) — област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Луганск.
Луганската Област има вкупна површина од 26.684 км2. На запад се граничи со Харковската и Донечката Област, на север, на југ и на исток со Русија. Во областа има 109 села и 37 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Лугањ и Деркул.
Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Харковската Област го сочинуваат Украинците (57,96 %), а остатокот го сочинуваат Руси (39,05%), Белоруси, Татари, Ерменци, Евреи и други.