Кировоградска Област

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кировоградска Област
Кіровоградська область
Знаме

Местоположба
Карта на Украина, Кировоградската Област е означена со црвено
Информации
Админ. центар:Кропивницки
Официјални јазици:Украински
Површина:24 588 km²
Население:995 955 (01.12.2012)
Број на реони:21
Регистерска ознака:ВA
Областен управител:Серхиj Кузменко
Катедрална црква во Бобринце

Кировоградска Област (украински: Кіровоградська область; исто така се нарекува Кировоградшчина - украински: Кіровоградщина) е област (покраина) во централниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Кропивницки.

Географија[уреди | уреди извор]

Кировоградска Област има вкупна површина од 24.588 км2. На запад се граничи со Виничката Област и Одеската, на север со Черкаската, на југ со Николаевската, а на исток со Днепропетровската Област. Во областа има 991 села и 12 градови. Најголемата река: Днепар, други значајни реки во областа се: Тјасмин, Ингулец, Јатран.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението во 2001 година, во Кировоградска Област живеат најмногу Украинци (90,13%), а останатите се Руси (7,46%), Молдавци, Белоруси, Ерменци, Евреи.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]