Киевска Област
Киевска Област Київська область | |
---|---|
Знаме | |
![]() | |
Местоположба | |
![]() | |
Информации | |
Админ. центар: | Киев |
Официјални јазици: | Украински |
Површина: | 28 131 km² |
Население: | 1 727 800 (2005) |
Број на реони: | |
Регистерска ознака: | |
Областен управител: | Олександр Терешчук |
Киевска Област (украински: Київська область; исто така се нарекува Киевшчина - украински: Київщина) е област во централниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Киев.
Географија[уреди | уреди извор]
Киевска Област има вкупна површина од 28.100 км2 (околу 35 пати поголема од областа на град Киев) и е сместена во централна-северна Украина. На запад се граничи со Житомирската Област, на југозапад со Виничката Област, на југ со Черкаска Област, на југоисток со Полтавската Област, на исток и североисток со Черниговската, и на север со Гомјелска област (Белорусија).
Областа е подеднакво поделена помеѓу двата брега на реката Днепар на исток и запад од Киев. Други значајни реки во областа се: Припјат, Десна, Рос' и Тетерив.
Административен центар на областа е Киев (украински: Київ, Киев), исто така, е главен град на Украина. И покрај тоа што се наоѓа во центарот на Киевската Област, Киев сам по себе е со специјален статус и не е под надлежност на областа.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- kyiv-obl.gov.ua Официјална страна на Киев Архивирано на 5 јули 2008 г. (украински)/(руски)/(англиски)
- patent.net.ua - симболи на областа
- Комерцијална страна со слики и карти Архивирано на 11 февруари 2006 г. (англиски)/(украински)
- catalogue.biz.ua Архивирано на 3 октомври 2011 г. поштеснки кодови (украински)/(руски)/(англиски)
- Баришивка Архивирано на 27 септември 2008 г.
|
|